По прогласувањето на епидемија во цела држава, во многу болници и клиники вработените задолжително ги проверуваат вакциналните картони и тие кои не се заштитени од мали сипаници мора да бидат вакцинирани.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 април, 2019 19:19

Малолетно момче се бори за живот поради компликации од морбили

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Еден пациент, со церебрална парализа се бори за живот на Инфективна клиника.

Епидемија на морбили е прогласена на цела територија на Македонија.Ваков заклучок е донесен по состанокот на Комисијата за заразни болести, со цел да се спречи понатамошното ширење на малите сипаници.

Момчето има 16 години и моментално е во критична состојба,каде е на апарати за дишење, пренесува телевизија Сител. Во тешка состојба и на механичка вентилација е и 11 месечно бебе со мали сипаници хоспитализирано на Клиниката за детски болести. Бебињата кои се со лесна клиничка слика ќе ги препраќаат во болницата во Козле, за да се остави простор на Инфективна клиника, за потешки случаи со заразната болест

-Имаме три дечиња од 6 месечна до двегодишна возсрат ко исе со морбили. Кај двајца е докажана заразата а третото е суспектно. Но ние имаме протокол во установата кој стриктно го почитуваме за оваа цел. Заболени од персоналот немаме, сите се вакцинирани. За да се спречи понатамошно ширење дадени се сите препораки за намалување на бројот на заразени од соодветните комисии, вели др. Ангелчо Андоновски, директор на болница за белодробни заболувања кај деца во Козле.

По прогласувањето на епидемија во цела држава, во многу болници и клиники вработените задолжително ги проверуваат вакциналните картони и тие кои не се заштитени од мали сипаници мора да бидат вакцинирани. Иста наредба има и за негувателиките и воспитувачките во градинките кои најдоцна до среда мора да го проверат својот вакцинален статус.

Во понеделниик почнува и теренската вакцинација низ училиштата, каде со вакцината против МРП ќе бидат боцнати сите невакцинирани ученици. Но за тоа мобилните здравствени тимови ќе мора да добијат согласност од родителите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.