Меѓу првите воведовме рестрикции, препораки. Од друга страна, МВР - конкретно техничкиот министер Чулев самиот изјавува на медиумите дека не сака да казнува.

Објавил: Владо Марин | 21 мај, 2020 20:55

МАНЧЕВСКИ: Оваа Влада добро се справи со Ковид 19!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека најголемиот број на новозаразени доаѓаат од литијата во Струга и ифтарските вечери!

Оваа Влада добро се справи со Ковид 19, а секако дека клучно ни беше дневното информирање кое го правеа здравствените работници, а клучна улога одиграа и медиумите во пренесување на мерките кои треба да се почитуваат, вели Манчевски!

Меѓу првите воведовме рестрикции, препораки. Од друга страна, МВР конкретно техничкиот министер Чулев самиот изјавува на медиумите дека не сака да казнува.

А знаеме дека новозаразените луѓе доаѓаат од литијата во Струга, ифтарските вечери, прославата на полицијата, а немаме инфо дека е превземено било што, дали внатрешната контрола постапува, немаме изречени санкции, рече Манчевски.

Ако сакаме намалување на рестрикциите, мора да се почитуваат препораките, изјави, во гостување на ТВ 24, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, соопштувајќи дека, во текот на утрешниот ден, владата ќе донесе одлука каков полициски час ќе има викендов.

„Се прават консултации, ние ги следиме експертските мислења. Ќе мора да одиме кон олабавување на мерките, но тоа значи почитување на другите нерестриктивни мерки. Но, тие мерки не се почитуваат, не се носат маски, не се почитува растојание …“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...