Владата за својата неспособност да изврши реформи во јавната администрација како еден од условите за ЕУ интеграции, ќе брка од работа или ќе ги казнува административците

Објавил: Мартин Попоски | 27 ноември, 2018 6:41

Манчевски со уцени, нема датум за преговори со ЕУ, нема поголеми плати

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Откако министерот за информатичко општество и јавна администрација најави “кастрење” на вработувањата во секторот, сега упати уцени дека ако ЕУ не достави датум за преговори, нема поголеми плати.

Имено Манчевски тоа го соопшти во формата дека доколку државава не испорача резултати за да добие датум за преговори со Европската Унија во јуни, а со оглед на тоа дека клучен дел во интеграцијата се реформите во администрацијата, нема да има зголемување на платите.

Доколку државава не испорача резултати за да добие датум за преговори со Европската Унија во јуни, а со оглед на тоа дека клучен дел во интеграцијата се реформите во администрацијата, ќе се ревидира одлуката за покачување на платата во септември. – рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Тој, по презентацијата на буџетот на министерството за 2019 година, одговарајќи на новинарски прашања рече дека вработувањето во администрацијата на висококвалификуваните стручи кадри веќе воопшто не е атрактивно поради што, тие со нешто мора да се привлечат.

Квалитетна администрација, додаде Манчески, не е потребна само за спроведување на скрининзите за ЕУ и НАТО, туку и за граѓаните да добиваат квалитетни услуги.

Да, ќе ја зголемиме плататата, верувам во зголемување на плати и ова е до механизмите и за зголемување на просечната плата, ама бараме и резултати, и тие се видливи. Еве го јуни ќе имаме оценка од страна ан ЕК дали сме направиле добар напредок во делот на реформа на администрацијата или не. Тоа е заедничка оценка на целата администрација и следствено на тоа ќе си има награда или некои други процеси. – изјави Манчевски.

Министерот Манчевски рече дека прерано е да се зборува колку од вработените во јавната администрација ќе бидат понудени на приватниот сектор.

Тој потенцираше дека овој процес ќе се спроведе  на крајот од 2019 откако ќе заврши хоризонталната функционална анализа која во моментов е во тек. Првиот резултат од оваа анализа ќе биде реорганизацијата и опитимизацијата на инстиуциите, односно кои од нив се вишок и кои ќе се спојат, рече Манчевски. Во процесот кој ќе биде транспарантен ќе бидат вклучени и стопанските комори и синдикатите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.