Македонски рецепт, манџа со телешко месо. Вкусна и неодолива.

Објавил: admin@magazin | 3 февруари, 2022 15:38

Манџа со телешко месо

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вкусна манџа со телешко месо, убав предлог за вашиот утрешен ручек.

За следниот ручек ви предлагаме да ја направите оваа чорба, прекрасна комбинација со телешко месо која нема да и одолеете.

Манџа со телешко месо, одлична комбинација со топол леб и зачинети пиперки со магдонос.

Состојки

800гр телешка удина

1 главица сецкан кромид

2 црвени домати

2 пиперки

4 компири

1лажица црвен пипер

сол, бибер, зачин, масло, вода, магдонос

за запршка50мл масло

 1 лажичка брашно

Подготовка: 

Прво на загреано масло се ставаат парчињата телешко месо да се пржат, односно се додека не испари течноста од месото. Од кога ќе остани само на мрсното се додава кромидот и тој се запржува околу 5 минути. потоа се додаваат сецканите домати и пиперки. Се динста на тивко да испари течноста од зеленчукот.

Сега се зачинува .се додава црвен пипер, убаво се промешува и се додава околу 500-600 мл вода. се остава на тивко да крчка околу 40 минути, па се додаваат исецканите компири и се вари уште 30 минути. Пред крај по потреба се додава танка запршка од маслото и брашното.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.