Вака изгледа состојбата на заразени во Скопје!

Објавил: Владо Марин | 28 март, 2020 8:29

Мапа на коронавирус во Скопје: Карпош 27 заболени, Кисела Вода, Гази Баба и Центар по 20 заболени

Фото/Текст извор: ©Mak pres

Заклучно со 26.03.2020, пријавени се вкупно 219 случаи на COVID-19 (I=10,6/100.000).

Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 10 градови: Скопје (n=134), Дебар (n=43), Куманово (n=17), Штип (n=8), Прилеп (n=6), Велес (n=3), Охрид (n=3), Кавадарци (n=2), Тетово (n=2) и Гостивар (n=1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 154,9 заболени на 100.000 жители, а во Скопје инциденцата е 21,7 на 100.00 жители, додека во Штип инциденцата на 100.000 жители е 15,2.

На ниво на општина на територијата на Скопје, пријавени се заболени лица во 10 општини, а најголем број на заболени се регистрирани во Карпош (n=27). Понатаму следуваат Кисела Вода, Гази Баба и Центар со регистрирани 20 пациенти со коронавирус, во Ѓорче Петров има 11 случаеви, Аеродром 8, Сопиште 7, Бутел 4, Чаир 3, Илинден 2.

Во Скопје се регистрирани и 11 случаеви на пациенти кои живеат во главниот град а се од други градови како и еден странец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести