Борисов како повозрасен, поискусен, да си остане премиер, а Заев да дојде и да стане вицепремиер на Голема Бугарија, е новиот предлог на заменикот на претседателот на Народното собрание на Бугарија, Веселин Марешки.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 ноември, 2020 6:08

Марешки: Двете земји да се обединат, по Борисов, Заев да биде премиер на Голема Бугарија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пратеникот и лидер на „ВОЛЈА“ Веселин Марески, во програмата „Лице в лице“ на БТВ зборуваше за ставот на Бугарија за преговорите на Македонија, за членство во ЕУ и понуди двете земји да се обединат.

Борисов како повозрасен, поискусен, да си остане премиер, а Заев да дојде и да стане вицепремиер на Голема Бугарија, е новиот предлог на заменикот на претседателот на Народното собрание на Бугарија, Веселин Марешки.

– Сега Борисов како повозрасен, поискусен, да си остане премиер, а Заев да дојде да стане вицепремиер. Борисов порано или подоцна ќе се повлече од премиер, па Заев може да стане премиер на Обединета или на Голема Бугарија, како што ќе решиме да ја наречеме.

Да се обединиме од двете страни на барикадите, нашите бугарски сонародници од другата страна на границата со тој акт ќе станат членови на Европската унија и на НАТО. Сè ќе се врати во нормала. Нема да има спорови, вели Марешки, кој е претседател на партијата Волја, коалициски партнер на владејачката ГЕРБ на Борисов.

Марешки во интервјуто додава:

– Ние сега во среда подготвуваме една декларација што сакаме да ја прочитаме во името на бугарскиот парламент како подадена рака. Да, сега тоа сигурно изгледа можеби не многу реалистично, но под претпоставка дека луѓето го посакуваат, нереалистично изгледаше и обединета Европа, нереалистично изгледаше и да сме членки на НАТО, но сега сме членки и на едното и на другото.

Мислам дека тоа е еден правилен пат. Тој е добар за Бугарите од двете страни на границата. Сметам дека треба да го избереме тој пат, рече Марешки за националната бугарска ТВ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.