Сите изборни ветувања на градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, како кула од карти, паѓаат во вода, така и на ветениот паркинг, сепак ќе се гради висококатница

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 12:48

Марин пак излажа? Наместо паркинг, нова зграда!

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во Реонскиот центар во Аеродром, на празната локација што требаше да биде наменета за паркинг, како што тврдат тамошните жители, а тоа и им го ветувал градоначалникот Златко Марин, сепак никнува зграда.

Аеродромци во медиуми изјавија дека во предизборната кампања, кога просторот на градилиштето веќе било оградено, побарале од Марин да најде начин местото да биде пренаменето за паркинг.

Дополнително виделе надеж, оти со местото стопанисува Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, па очекувале општината и државата да најдат заеднички јазик.

Од општината пак демантираат дека некогаш Марин ветил пренамена на просторот за паркинг. Тврдат дека одобрението за градба било дадено во 2016 година кога со општината раководеше Ивица Коневски.

Дали ова ќе биде нов случај на граѓанско незадоволство кон градоначалникот Марин?

Претходниот сличај е познат на јавноста, откако не успеа, иако вети, дека ќе го реши проблемот со деветкатницата кај „Мајчин дом“, односно дека таа нема да се гради, проблем за кој Марин повторно ја обвини претходната управа и се оправда со одлуката на Уставниот суд на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести