Ако во минатото тие можеа да изнесуваат и до 48 000 денари, сега, како што појасни Маричиќ, граѓаните нема да плаќаат повеќе од 6 000 денари. Трошоците по оваа основа ќе се движат од 480 до најмногу 6 000 денари, во зависност од вредноста на спорот.

Објавил: Перо Милчин | 5 ноември, 2020 12:22

Маричиќ: Ако досега судска такса можеше да изнесува до 48 000 денари, од денеска е до 6 000 денари

Фото/Текст извор: ©360 степени

Значително намалување на судските такси од денеска стапува во сила, порача министерот за правда Бојан Маричиќ.

Ако во минатото тие можеа да изнесуваат и до 48 000 денари, сега, како што појасни Маричиќ, граѓаните нема да плаќаат повеќе од 6 000 денари. Трошоците по оваа основа ќе се движат од 480 до најмногу 6 000 денари, во зависност од вредноста на спорот.

На овој начин власта очекува правдата да стане подостапна за граѓаните и намалувањето да го зголеми интересот граѓаните да ја истераат правдата до крај.

„Во програмата на Владата стои како ветување дека ќе ги намалиме судските такси, бидејќи високи ја прават правдата понедостапна“, рече Маричиќ.

Министерот наведе и пример за тоа како би се намалиле судските такси, но и колку тие ќе изнесуваат во случај да се поднесуваат жалби на судските одлуки, односно да се користат редовните и вонредните правни лекови.

„На пример, тужите осигурителна компанија за надомест на штета во вредност 3 милиони денари. Судската такса која треба да ја платите е 2 отсто од вредноста на спорот. Во овој случај граѓанинот ќе требаше да го даде максималниот износ од 48 000 денари. Сега, според донесениот измени, давачката ќе биде 6 000 денари. Доколку е потребно да ја истерате правдината до крај и да ги искористите сите редовни и вонредни правни лекови, по старата тарифа ќе платевте вкупно 288 000 денари судски такси, односно 2% за тужба, 2% за одлука, за жалба 4% и за ревизија 4%. По новата судска такса, за ова најмногу може да потрошите вкупно 36 000 денари или 252 000 помалку ако се жалите“, рече Маричиќ.

Тој вели дека очекуваат ваквите промени да бидат во интерес на адвокатите и вештаците бидејќи граѓаните ќе бидат охрабрени да стигаат до правдата по судски пат.

Овие промени, според Маричиќ, во поширока смисла се и во духот на националната стратегија за намалување на сиромаштијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...