Маричиќ во изјавата посочи дека добро е што судството ги слуша критиките, и покажва интерес да ги решава проблемите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 септември, 2020 8:26

Маричиќ: Сомнежите во пресудите се мотив за прочистување на судството

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новиот министер за правда, Бојан Маричиќ вчера во изјава за 360 степени“ ја коментираше пресудата која предизвика голема фама во медиумите. Тој истакна дека една пресуда повторно го стави македонското судство на нишан на јавноста.

Условната казна за обвинет во случај за сообраќајка во која загина 32-годишен маж, а бремена жена заврши со тешки повреди и го загуби плодот, покрена лавина негативни реакции и сомнежи. Без да ја коментирам пресудата, за да нема мешање на извршната во судската власт, можам да кажам дека тоа што граѓаните се сомневаат во дел од пресудите е најсилниот мотив за прочистување на судството кое ќе биде спроведено во нашиот мандат, заедно со иницијатива за проверка на случаите каде има непостапување или лошо постапување на надлежните. Само така може да се врати довербата во судството и правниот систем“, вели Маричиќ за „360 степени“.

Маричиќ во изјавата посочи дека добро е што судството ги слуша критиките, и покажва интерес да ги решава проблемите.

-Добро е што самото судство покажува интерес да ги решава прашањата за кои јавноста ги прозива и тоа што претседателот на Кривичниот суд најавил коментар во однос на целиот настан, а повисоките судови ќе имаат можност да се изнесат во натамошната постапка. Судскиот совет пак ја има задачата да ја следи и оценува работата на секој судија, вели тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести