Иако публиката едноставно ги обожуваше, особено францускиот акцент на Марк, сепак од неодамна стартуваше петтата сезона на шоуто „Брза кујна“ , заедно со водителката Александра Илиевска, по цели четири сезони продуцентите на барање на гледачите бараа да се воведе некаква промена па поради тоа што шоуто има веќедефинирано како треба да функционира беше направена промена токму во милениците на публиката, шефовите Марк и Никола.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 октомври, 2019 22:06

Марк и Никола сменети од „Брза кујна“: Ова се новите шефови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Многумина ги познаваат шефовите Де Јонг и Никола Мишковски кои се прославија во едно од најпознатите кулинарски шоуа кај нас „Брза кујна“ на ТВ Сител.

Новите Шефови во Брза Кујна, Бобан и Филип….

Иако публиката едноставно ги обожуваше, особено францускиот акцент на Марк, сепак од неодамна стартуваше петтата сезона на шоуто „Брза кујна“ , заедно со водителката Александра Илиевска, по цели четири сезони продуцентите на барање на гледачите бараа да се воведе некаква промена па поради тоа што шоуто има веќедефинирано како треба да функционира беше направена промена токму во милениците на публиката, шефовите Марк и Никола.

Тимовите на доматите и пиперките сега се дружат со сосема нови шефови кои во шоуто дојдоа со нови идеи, полни со пареа за да претстават нови рецепти на гледачите.

Водителката Александара на почетокот на оваа недела, објасни дека концептот всушност останува ист но се решиле за едено големо изненадување за гледачите, односно да ангажираат нови шефови па така сега пред камерите заедно со асистентите, можете да ги гледате Филип Поповски и Бобан Симоновски.

Се уште останува неизвесно дали оваа сезона всушност шефовите ќе се менуваат на една недела или Филип и Бобан ќе бидат единствените шефови кои за 20 минути ќе успеат да презентираат и направат интересни рецепти во оваа петта сезона придружувани од своите асистенти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.