Бизнисменот Маријан Коснер кој е обвинет дека е нарачател на убиството, и уште еден од обвинетите го негирале обвинението, додека четвртиот обвинет не се изјаснил.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јануари, 2020 14:16

Марчек призна за убиството на словачкиот новинар Куцијак

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Обвинетиот Мирослав Марчек кој е еден од четворицата обвинети за убиството на словачкиот новинар Јан Куцијак и неговата вереница денеска пред судот призна дека учествувал во убиството.

Бизнисменот Маријан Коснер кој е обвинет дека е нарачател на убиството, и уште еден од обвинетите го негирале обвинението, додека четвртиот обвинет не се изјаснил.

Убиството на новинарот Куцијак и неговата свршеница предизвика сериозна политичка криза во Словачка. Тоа доведе до смена на Владата на премиерот Роберт Фицо.

Словачкиот државен обвинител, се сомнева дека бизнисменот Маријан Кoснер го наредил и бил организатор на убиство на Куцијак. Новинарот во своите написи пишувал за сомнителни активности на Коснер по што тој наредил еден од обвинетите да го киднапира и убие новинарот.

Осомничениот бизнисмен Маријан дал информации за движењето на Куцијак и негови фотографии, по што бил контактиран трет обвинет за да го организира убиството, а на него му биле ветени 70.000 евра.

Дваесет и седумгодишниот новинар Јан Куцијак и неговата вереница Мартина Кушнирова беа пронајдени застрелани во нивниот дом во селото Велка Маца, 65 километри источно од Братислава. Убиството се случи во февруари 2018 година.

Словачкиот новинар работеше на истражување за корупција и откри корупциски шеми во владејачките структури на земјата.

До 2018 година смртта на словачкиот новинар беше петтото убиство на новинар во Словачка.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.