Новоформираното здружение на оперски уметници „ОпераТи“ најавува интересни активности

Објавил: admin@magazin | 13 јуни, 2018 10:00

Македонија е расадник на оперски таленти, нашите културни амбасадори во светот

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Магазин.мк разговара со еден од основачите на новото здружение на оперски уметници „ОпераТи“, г-дин Марјан Јованоски, оперски пејач, првенец во Македонската опера и балет кој активно на сцената на МОБ, во изминатите години е активен на сцените во Бугарија и Словенија.

Неодамна покренавте иницијатива за формирање на здружение на оперски уметници. Која е целта на едно вакво здружение?

Здружението на оперски уметници „ОпераТи“ е здружение на граѓани кое се формира заради остварување на своите и државните интереси преку развој и унапредување на оперската уметност во Македонија, поголема афирмација на оперските уметници кои ги има во голем број. Бројката на дипломирани студенти на високообразовните институции во Македонија е прилично голем, додека пак единствените можности за нивно вработување се ограничени бидејќи Македонија има само една оперска куќа.
Меѓу целите на ова здружение се да ја поттикнува, развива и помага оперската уметност, да ги унапредува моралните и материјалите права на оперските уметници, да помага во подобрување на социо-економскиот статус и условите за уметничка работа на оперските уметници, да ги помага младите итн.

Каков е интересот кај оперските пејачи за членување во едно вакво здружение?

Според првичните реакции меѓу колегите, иницијативата наиде на огромно поддршка и интерес и се чини дека „ОпераТи“ набрзо ќе стане една од најголемите музички организации во државата. Ова е прво здружение од ваков тип, иако исклучително мал број оперски уметници членувале во други здруженија, но оперската уметност и уметници немале значителен третман во нив. Оперските уметници заслужуваат своја организација во која ќе се третираат прашања исклучиво од оваа област, а ќе се бориме пред надлежните културни институции да добиеме и соодветна поддршка за нашите идеите и цели, не само во интерес на уметниците туку и на државата.

Дали планирате да делувате и на меѓународно поле?

Има голем број на оперски уметници кои активно делуваат и работат низ сите страни на светот. Голем дел од нив се заинтересирани да се приклучат кон нашата инцијатива и заеднички да придонесеме за афирмација на квалитетни македонски оперски уметници низ светот, отворање можности за настапи во странство, учество на аудиции, натпревари итн. Дел од нашите уметници веќе одамна се присутни во најзначајните културни центри во светот. Нема да изостане и соработката со сродни организации во регионот и светот, вмрежување и членство во позначајните асоцијации што ќе овозможи реализација на значајни меѓународни активности.

Како Вие ја оценувате актуелната состојба на оперската сцена во Македонија?

Марјан Јованоски, оперски пејач, првенец во Македонската опера и балет

Состојбата на оперската уметност во Македонија има свои позитивни и негативни страни. Позитивните треба да се негуваат и унапредуваат, додека пак, за негативните треба да се надминуваат со конструктивни решенија во соработка со надлежните институции и сите оние кои имаат можност да придонесат за напредокот на состојбата. Во таа смисла, неизоставна ќе биде соработката со Македонската опера и балет каде што гравитираат најголемиот број оперски уметници. По формирање на органите на „ОпераТи“, раководството ќе направи анализа на состојбата и ќе побара активна соработка за определни прашања во согласност со статутот и законските норми, а во функција на подобрување на статусот на оперските уметници, особено во смисол на создавање можности за настапи на младите во идни продукции на МОБ. Во изминатата година, на сцената на МОБ застанаа повеќе странски отколку домашни студенти и млади пејачи. Сметам дека таквата пракса е на директна штета за нашите млади уметници, кои токму поради вакви и слични политики на раководителите на институции, најчесто се откажуваат од својата дејност поради егзистенционални причини или се задоволуваат со волонтерско учество во хорот на МОБ, само поради нивната љубов кон сцената и надежта дека еден ден ќе добијат подобри можности.

 

Дали имате конкретни проекти со кои ќе ги започнете активностите на здружението?

По формирањето на телата на здружението, активно ќе работиме на подготовка на квалитетни проекти со кои ќе конкурираме во рамките на Годишната програма на Министерството за култура, остварување на средби со сите релевантни институции во државата со цел да понудиме соодветни проекти за соработка во претстојниот период, присутност во јавноста преку интересни сосптвени проекти, организирање работилници и мајсторски школи со странски оперски уметници кои гостуваат во Македонија и посебна грижа за создавање можности за уметничко делување на младите уметници.

Сцена од настап на Марјан Јованоски

На социјалните мрежи се појави скептицизам од определени колеги?

Се чини дека скептицизмот е се поприсутен во вакви турбулентни времиња кога се решаваат значајни политички прашања, но токму поради тоа имаме дополнителен стимул да се вратиме на прашањата кои ги засегаат граѓаните (и оперските уметници меѓу нив), а со сето наше знаење и искуство да укажеме на определени негативни ефекти во системот и да се обидеме да ги поправиме. Македонија е расадник на оперски таленти кои се наши културни амбасадори во светот. Ако можеле тие да ги допрат височините на оперската уметност во центри како Њујорк, Токио, Мадрид, Рим, Виена, Москва, зошто не би можеле и ние тука да функционираме во сопствената држава со најдобра намера за унапредување на состојбата во оперската уметност? Тоа можеме да го направиме само преку здружување на нашите уметници кои унисоно ќе делуваат во интерес на својот статус и целокупната музичка сцена во државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...