На венчавката присуствувале стотици луѓе, а меѓу настраданите најмногу има жени и деца.

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 август, 2019 11:29

МАСАКР ВО АВГАНИСТАН: 63 загинати и повеќе од 180 повредени во експлозијата во Кабул!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Најмалку 63 лица се убиени, а 182 се ранети во синоќешниот напад на бомбаш самоубиец на свадба во Кабул, соопшти денеска министерството за внатрешни работи на Авганистан.

Силната експлозијата се случила во салата за венчавки „Дубаи сити“ во западниот дел од Кабул, каде живеат најголем број на припадници на малцинската заедница шиити хазари, пренесува АП.

На венчавката присуствувале стотици луѓе, а меѓу настраданите најмногу има жени и деца.

На венчавката присуствувале стотици луѓе, а меѓу настраданите најмногу има жени и деца.

Ројтерс наведува дека никој не ја презел одговорноста за нападот, талибанците негираа дека се одговорни за експлозијата во шиитското предградие за западот на Кабул.

Претходно, авганистанското Министерство за внатрешни работи објави дека експлозијата се случила во 10.40 часот по локално време во саботата во една од свадбените сали на еден хотел во Кабул. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...