Членови на семејството, негови блиски пријатели, роднини, и сограѓани, жители на Ново Село излегоа на протест

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 март, 2019 22:55

Масовен протест во Ново Село за „Слобода за Митко Чавков“ (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Ново село денеска ечи за слобода на Чавков. Членови на семејството, негови блиски пријатели, роднини, и сограѓани, жители на Ново Село излегоа на протест во знак за поддршка на поранешниот прв човек на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, кој беше осуден на 18 години затвор за настаните на 27 април.

Демонстрантите еден час маршираа низ улиците на општината, носејќи пароли „Слобода за Митко Чавков“. Роднина на Чавков се обрати на протестот кој дојде како реакција на затворската казна од 18 годинини, која е највисока во споредба со другите обвинети за насилствата во парламентот на 27 април 2017 година. Таа рече дека Чавков се борел за Македонија. ФОТО: КУРИР

Поддржувачите беа со пароли „Слобода за Митко Чавков“ преку кои го изразија своето незадоволство од драконската казна која ја доби тој во време траење од 18 години затвор.

Овој протест на жителите на Ново Село беше проследен со cилнo полициско обезбедување, меѓу кои и припадници на УБК кои со камери ги снимаа демонстрантите.

Чавков потекнува од оваа општина во близина на Струмица.

Неговата осуда тој ја нарече нарачка на мафијата која владее со Република Македонија, а казната драконска и најави тужба за фингираната службена белешка врз основа на која пред да биде осуден беше притворен. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика