На својата униформа убиецот Брентон го носеше симболот на „Црното сонце“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 март, 2019 10:49

Масовниот убиец од Нов Зеланд убивал носејќи го симболот на „Црното сонце“: Еве што значи тој

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Брентон Тарант е момчето кое усмрти повеќе од 50 лица, додека се молеа во џамија во Нов Зеланд. За овој масакр зборуваше целиот свет, а згора на тоа 28 годишниот терорист во живо преку социјалните мрежи го емитуваше масакрот во кои загинаа и деца.

Брентон Тарант во крвавиот поход тргнал со оружје на кое стоеле натписи на германски, бугарски, руски и српски јазик. На оружјето пишувало: Марко Милјанов Попович (1833.1901) – црногорски народен книжевник, војсководец и војвода. Стефан Лазар- српски кнез Лазар Хребељанович (1329 – 1389), погина во борба со Турците на Косовско поле. Го користеше кралското име Стефан Лазар. Се споменува и битката на Иванковцу која се одиграла во 1805 година. Се наведува и 1683. година која се однесува на опсадата во Виена кога Османското царство ја окупирала Виена. Со таа битка е прекинато напредувањето на турците во Европа.

Австралиецот Тарант во терористички напад на две џамии во Нов Зеланд, уби 50 лица а повеќе од 30 се ранети. Тој во својот манифест навел листа на непријатели од висок ранг, меѓу кои германската канцеларка Ангела Меркел, како и Ердоган и градоначалникот на Лондон, Садик Кан.

На оружјето се наведени многу битки и личности кои во историјата се бореле против исламот во Европа. На својата униформа масовниот убиец го носел симболот на „Црното сонце“ кој и ден денес е мистерија. Симболот најчесто го користат екстремните десничари, нацистите, но и сатанистите.

Овој симбол најмногу го користеле нацистите, односно припадниците на „СС“ дивизија на нацистичка Германија. 

Брентон Тарант е нацист, а симболот на црното сонце ја симболизира напредната ариевска раса. Основата на овој симбол всушност е „сончев круг“ кој е насликан на подот на градината во дворецот во Северна Рајна-Вестфалија кој во текот на Втората светска војна бил едно од најзначајните места за Хајнрих Хилмер, кој всушност бил и првиот човек на „СС“ дивизија на нацистичка Германија. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.