Неколку илјади приврзаници на опозицијата маршираа по Авенијата Победа кон резиденцијата на претседателот на Белорусија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 септември, 2020 15:31

МАСОВНИ ПРОТЕСТИ НИЗ БЕЛОРУСИЈА: 10 лица уапсени во Минск, демонстранти маршираат кон резиденцијата на Лукашенко (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Масовни неодобрени протести почнаа да се одржуваат во сите области на Белорусија, а околу десет лица веќе се приведени во Минск, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Белорусија, Олга Чемоданова.

Таа објасни дека засега демонстрантите се приведени само во Минск, но не и во другите региони.

Кордон од неколку стотици припадници на безбедносните сили, со поддршка на специјална опрема и водени топови, ја блокираше Авенијата на независност, а голема колона демонстранти се свртеа кон улицата Ленин кон Авенијата Победа, јави дописникот на Спутник од местото на настанот.

После тоа, неколку илјади приврзаници на опозицијата маршираа по Авенијата Победа кон резиденцијата на претседателот на Белорусија.

Протести во Белорусија

Масовните протести на опозицијата започнаа во Белорусија на 9 август, по претседателските избори.

Според Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко победи на изборите со 80,1 процент од гласовите. Опозицијата не ги призна резултатите од изборите и смета дека победи Светлана Тихановска.

Во првите денови на протестот, безбедносните сили користеа водени топови, солзавец, шок-бомби и гумени куршуми за да ги разбијат демонстрантите.

За време на протестот беа приведени околу седум илјади демонстранти, а неколку стотици лица беа хоспитализирани, вклучително и припадници на полицијата. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.