Царинската управа денеска објави оглас за нови вработувања за 78 нови работни позиции.

Објавил: Перо Милчин | 8 јануари, 2019 11:57

“МАСОВНО” вработување на царина. Отворени 78 нови работни места

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

По објавувањето на оглас на ЈП за државни патишта за 84 вработени на македонските патарини, денеска е објавен уште еден за „масовно“ вработување, овој пат од Царинската управа за 78 работни позиции, меѓу кои и за советници.

Ова вработување ќе биде на определено време до крајот на тековната година за плата од 16.571 за наплатувач до 39.899 за началник на одделение.

Во објавениот оглас се бараат советници, цариници, виши цариници, кандидати за началник на Одделение кабинет на директор во Царинска управа, инспектор со мобилен скенер, шеф на служба за проекти во Одделение за меѓународна соработка и за други места а како главна причина за тоа е наведено привремено зголемениот обем на работа до крајот на 2019 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.