„Мал Шенген“ е иницијатива што ветува, изјави вчера во Женева специјалниот претставник на САД за Балканот, Метју Палмер.

Објавил: Весна Петровска | 11 ноември, 2019 18:36

Мафијашите се во нашите редови- судиите се заштитени криминалци

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Европскиот воз оди на спореден колосек. Дали во Скопје пристигнува евроскептицизмот?

Зошто балканскиот шенген е одлично алиби за Макрон? Трилинг интервју на ТВ24 со Фрчкоски и Чупоска. Филмски кадри на среќата – режисерот Борјан Зафировски ги бара и светлите оази на урбана Македонија.

Во продолжение проследете го целото интервју

Запотсетување, вчера Охрид беше домаќин на трилатерална работна средба на лидерите на Македонија, Србија и Албанија.

На претседателот Александар Вучиќ и премиерите Зоран Заев и Еди Рама им се придружија и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ.

Тие порачаа дека Балканот веќе не е „буре барут“ туку регион на мир, стабилност и економски развој, дека креираат пазар за 20 милиони луѓе, дека ќе се отстранат бариерите и ќе се скрати времето од 26 милиони часови што се губи на граничните премини.

Ги повикаа и другите земји од Западен Балкан да им се придружат.

„Мал Шенген“ е иницијатива што ветува, изјави вчера во Женева специјалниот претставник на САД за Балканот, Метју Палмер.

Ја смета за демонстрација како лидерите преземаат одговорност за својата судбина и контрола врз својата иднина.

Палмер потенцира дека структурата на иницијативата е отворена и дека во неа има место и за Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.