Телото ќе се вади денеска

Објавил: admin@magazin | 14 јули, 2018 13:14

Машки труп пронајден во водите на Вардар

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Вчера во 19:00 часот во река Вардар кај село Кочилари, велешко, пронајден е машки леш, соопштија од полиција.

Поради непристапност на теренот лешот ќе се вади од водите на река Вардар, во текот на денешниот ден, кога ќе биде извршен и увид.

Се очекува МВР да излезе со повеќе детали и утврден идентитет на починатиот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.