Мојата мајка Светлана Милошоска, која 40 години работи како медицинска сестра во болницата во Кичево, попладнево ме извести дека е позитивна на Ковид-19.

Објавил: Владо Марин | 26 јуни, 2020 21:38

Мајката на Антонио Милошоски позитивна на коронавирус, тој оди во самоизолација

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Мајката на еден од истакнатите членови на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски, Светлана, е позитивна на коронавирус. Информацијата ја објави самиот Милошоски на Фејсбук, најавувајќи дека по препорака на лекарите тој оди во самоизолација.

Мојата мајка Светлана Милошоска, која 40 години работи како медицинска сестра во болницата во Кичево, попладнево ме извести дека е позитивна на Ковид-19.

Веднаш по известувањето бев исконтактиран од надлежниот епидемиолог од Битола кој според здравствениот протокол ми пропиша мерка самоизолација до 6ти јули, заради кратката средба со мајка ми пред 5 дена во Кичево. Мерката доследно ќе ја почитувам, како што ги почитував и правилата за носење на маска и честа хигиена во изминативе 4 месеци. До 6ти јули ќе имам две задолжителни тестирања од надлежните медицински лица. Инаку се чувствувам добро и засега немам никакви симптоми. – напиша Милошоски.

Мајката на Антонијо Милошоски позитивна на коронавирус!

„ Должност ми е да Ве известам, дека како медицинска сестра вработена во болницата во Кичево, и покрај почитувањето на сите мерки на претпазливост пропишани од нашата медицинска установа, за жал завчера ги почувствував првите симптоми на покачена температура и направив тестирање во текот на вчерашниот ден. За жал, денешните резултати покажаа дека сум позитивна на вирусот Ковид19.
На надлежните епидемиолози им ги посочив сите лица со кои сум имала контакт, меѓу кои мојот сопруг, кој треба да се тестира утре и мојот син Антонијо Милошоски, со кого имав краток контакт на 22.јуни во нашиот дом во Кичево“ напиша Светлана Милошоска.

На сите колеги медицинари и на сите граѓани кои се позитивни на овој вирус таа им посака што поуспешно да се изборат со оваа пандемија, а пред се со почитување на заштитните мерки и навремено тестирање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести