Дијана во големото интервју за „Блиц“ раскажала низ што Новак минувал како дете, но и што се таа како мајка преживувала заедно со него.

Објавил: Весна Петровска | 16 септември, 2019 23:08

Мајката на Новак Ѓоковиќ ја отвори душата: Понекогаш помислувам: Боже, јас ова дете го родив за народ, а најмалку за себе

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Дијана Ѓоковиќ, мајка на Новак Ѓоковиќ по прв пат во јавноста раскажала детали за животот на Новак кои малкумина до сега ги знаат.

Дијана во големото интервју за „Блиц“ раскажала низ што Новак минувал како дете, но и што се таа како мајка преживувала заедно со него.

Должност на родителите е да не ги сметаат своите деца за своја своина, туку туку да ги воспитуваат малку за себе, а доста за друштво. Новак е без претерувања, член на секое семејство во Србија. ПОради неговите натпревари се станува рано, се лежи до доцна, прават пауза на работа, слават, тагуваат. Поради него во Србија почнаа да се разбираат во тенис. А кога обични луѓе реагираат бурно како на победа така и на порази, не смееме ни да замислиме како е патот до успехот на Новак, пат кој не е поплочен секогаш со рози, туку и со трња која тоа го преживуваше и жената која го роди.

Тивка и мирна во сенка на оној на кого му подарила живот. Така ја опишаа новинарите мајката на Новак.

– Јас сум најгордата мајка на светот. Но не само на Новак туку и на Марко и Ѓорѓе. Не ги одвојувам, иако Новак е најуспешен. Тоа се мои три дијаманти. Многу сум горда на се што направи во карерата, но горда сум пред се што тој стана добар човек. Тој едобар татко, син, маж. Мислам дека сето тоа што го прави, не може подобро.

Го враќа филмот од денот на раѓањето на Новак

– Веднаш занев дека е посебен. Кога се роди, толку викаше, како магаре некое, веднаш знев дека е мој. Изгледаше секогаш поголем од неговите врсници. На раѓањето изгледаше како бебе од три месеци. Имаше изразити црти на лицето и коса, знаев дека е посебен. И мој…

Ѓоковиќ потекнува од патријахално семејство во кое секогаш родителите заеднички одлучувале за децата. На прашањето ккој бил построг, таа или Срѓан, Дијана се насмеала.

– Двајцата. некогаш тој, некогаш јас. Секогаш од децата баравме да бидат добри, успешни, убаво воспитани, културни, да умеат да се јават на улица. Пцуење не доаѓаше во предвид. Навистина воспитувањето беше строго и мислам дека не погрешивме. Денешниве деца не се такви. Слушам родители како велат дека нивното дете одлучува само. Ма како можете да дозволите дере од четири, пет, десет или петнаесе години само да одлучува? Кога ќе порасне, ќе стане полнолетно и кога ќе оди од твојата куѓа – може, но додека е под моја капа – одлучувам јас.

Мајката на НОвак Ѓоковиќ во интервју за Блиц раскажа интересни детали од животот на првиот Рекет во светот.

Родителите мораат да ги слушаат потребите на детето, и да го насочуваат, така Дијана и Срѓан максимално биле посветени на НОвак и му пружиле се. Но…

– Имавме голема доверба во него. Јелена Генчиќ прва ни рече дека таков талент нема видено уште од Моника Селеш. Но мојот сопруг сакаше да слушне уште неколку мислења. И сите беа исти – сите му рекоа дека Ноле е неверојатен талент за тенис. Ми беше нереално да може да биде број еден, но кога во јунијорската конкуренција почна да освојува турнири, помислив дека е можно.

Периодот од првото разделување со Ноле и ден – денеска на Дијана и течат солзи.

– Кога Ноле наполни 12 гоини, Јелена Генчиќ ни кажа дека таа повеќе не може да го тренира. Дека порасна. Со негови 13 години моравме некаде да го испратиме. Најпрво ни рекоа да го водиме во Америкa, но ние мислевме Каде преку бара? Нема шанси , далеку е! Мал е! За сета среќа па отиде кај Никола Плича во Германија. Мада и тоа беше тешко, бидејќи немавме пари, визи. Имаше санкции.Не го гледав по два три месеци кога замина првиот пат. МИ се чинеше како некој дел од мене се окринуваше раскажува со солзи во очите.

Потоа се навикнуваш дека тој патува, заминува, а мајка го чека да се врати дома. Ги имав Марко и Џоле па внимавав на нив. Потоа замина Марко па Џоле и на крајот останавме само мојот сопруг, кучето и јас. Драго ми е што тие тројца се врзани и што таа врска се одржува и денес.

Мјаката на Ноле во интевју за Блиц раскажа детали од неговиот живот

А мајка како мајка. Врзана за својот првенец.

– Се слушаме, нормално, но не онакако како некогаш. Пред некој ден му се јавив бидејќи ме интересираше да слушнам каква е ситуацијата со повредата и како се чуствува. Се слушнавме и додека беше во Америка. Го видов и јас како и останатите на телевизија дека се повреди. Се надевам дека ќе помине и тоа со помалку болки. Ова не му требаше, но ете се слушува нешто кога најмалку се надеваш.

Дијана признава дека многу работи учи од синовите, но низ приказна, се сети на еден разговор која го водела со Новак на 11 години.

– На негови 11 години се двоумеше дали да продолжи да се занимава со тенис или не. Разговаравме и на крај тој, онака самоуверено, кажа дека сака да продолжи да тенира. Ние му рековме дека ќе бидеме со него и дека ќе му пружиме се што можеме. Така и бепе, но тогаш беше и тешко имаше проблеми со училиштето, раскажува таа.

А потоа раскажа како станале свесни колку таа и Срѓан како родители биле храбри.

– Во училиште не разбираа каков тален е тој. Тој од петто одделение одеше вонредно во училиште. И кога го запишавме на Спортска гимназија, тие ни велеа дека ќе го упопастиме, дека ќе остане неук и неписмен. Им зборував да не се грижат и дека тоа нема да се случи, како што и гледаме дека не се случи, но требаше да му помогнеме да заврши. Беше само два дена во училиште, останатото време го поминуваше на турнирите. И кога ќе дојде полугодие, ми се јавуваа од училиште и ми велеа дека морам да дојдам на дисциплинска комисија. Тогаш ги однесов исечоците од вениците да им покажам што тој се имаше освоено, каде бил, што правел. Така се испорасправавме таму, излегов разочарана и бесна бидејќи немаа разбирање.

– И јас им велам: Дали вие разбирате дека ако тој сега седне во таа ваша дрвена клупа тогаш одд него нема ништо да биде. Дајте да положи вонредно како и до сега. Не сакаа и на крајот ние добивме исписница, им реков: „Ве молам, немојте на никого да кажувате дека вие сте Спортска гимназија вие не сте ни С од Спортска гиманзијА . И потоа го запишавме во друго училиште и ете…

– И не беше само училиштето проблем, туку и финансиите. Се трудевме да има најдобри услови и да не осети дека нема. Бидејќи имаше стуација кога навистина немавме ништо кога позајмувавме. Бидејќи на него дававме нешто што немавме па потоа работевме и враќавме.Затоа работев 17 години на Копаоник.

Дијана ги пропуштила јуниотрските денови на Новак бидејќи Срѓан патувал со синот.

– Мојот маж патуваше со Ноле, а јас работев, нормално. И тоагш Срѓан додека гледавме на ТВ Ролан Гарос или Вимблдон, се шалеше дека ако тој продолжи да патува со НОвак дека ќе ми мафне од Париз или Лондон, додека печам палачинки. Реков:Ма, да како не! Сега ти ќе оди таму, а јас тука да печам палачинки. И еднаш дојде и ми вели да одам со нив. Одведиме во Бергамо. Единствено на што се сеќавам, беше дека се смрзнав, воопшто не ни имав вистинска слика за турнир, а потоа во 2005 година малку повеќе патував. Мислам дека прво бев во Париз па во Лондон.

Приказната околу заминувањето прв пат на Вимблдон, раскажа низ смеа.

– Играше квалификации и рече дека акоги помине дека сите ќе дојдеме во Лондон. НИе ги пратевме оние квалификации на лајв сите собрани пред компјутер. И дојде трето коло, кога момчето против кого Новак играше, го имаше топчето, а ние сите на глас „Лелеле нема да идеме во Лондон“, Но Ноле направи пресврт, влезе во главниот ждреб. Знате ли колку скокавме и бевме среќни бидејќи прв пат одиме во Лондон. Тоа беше доживљај за сите нас.

Се смеевме и констаиравме дека животот навистина е магичен.Пред неколку години се радувавме како деца само кога ќе одевме до Острово, а оваа веќе се запознавме и со принцот Вилијам и принцезата Кејт.

– Беше чест да се запознаат и да се ракувате со ни, но ми беше уште помило кога сите на нас ни честитаа. И си викав сама во сееб: „Него што, нормално дека треба да честитаат“. Мечот против Федере личеше како на оној во 2015 во Њјујорк кога против Ноле беа 23.000 луѓе, а тој го сврте Федерер. Верувајте ми сега, кога Федере имаше – меч-топка во Лондон, го земав својот крст во раце и помислив „ Можеш ти тоа Ноле!“ Веќе два пати тоа го направи, можеш пак“ И се случи пак. Тој меч беше за срцев удар. Во еден момент се изгубив од адреналин и стрес.

Дијана вели дека синот и недостига. Природно.

– Го гледам колку и другите и си велам себе си: „ Боже јас ова дете го родив за овој народ, а најмалку за себе“ Се гледаме така што се бркаме по белиот свет. Искрено, останав желна. Марко и Ѓорѓе беа покрај мене, поминувавме повеќе време заедно, а тој рано замина. Не го следев неговото растење. Нјамалку го гледам и секогаш би сакал да поминам време со него. Да така седиме и освежуваме спомени. Само да ми е жив, здрав и среќен!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.