Очекувам Судот да ја почувствува сугестијата на фактите и доказите кои ги изнесе и докажа Јавниот Обвинител.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 јули, 2020 21:03

МАЈКАТА НА ПИНО СЕКОНДО: Денеска во судницата во Скопје, повторно беше убиен мојот син!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сакам со јавноста да споделам и пренесам порака, каква одлука и казна очекувам по завршеното судење за убиецот на мојот син Пино Секондо. На 13-јули Основниот суд 1, во град Скопје ќе се искаже во врска со убиството на мојот син, кој беше свирепо убиен од страна на бегалецот Али Фуркан и соучесникот Ангела Ѓоргиевска. 

Очекувам Судот да ја почувствува сугестијата на фактите и доказите кои ги изнесе и докажа Јавниот Обвинител, дека Ангела и Али Фуркан се убијците на моето дете.

На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда во Скопје од страна на непознат граѓанин, беше пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења.

Знам и жалам што правниот поредок во Македонија не дозволува, за одземен живот на убиецот, судот да му го одземе неговиот живот.

Затоа се молам во името на правдата, не само за таа која се однесува за мојот Пино, но и за правдата која му е потребна на секој од нас, па и на вас кои го читате ова, судот на Ангела да и изрече максимална казна затвор, вели Маја Трпковска, мајката на убиеното момче Пино Секондо.

Барам да биде тргната од општеството, за да се спаси самата да не дојде во ситуација пак да го стори истото, за да се заштити секој од нас кој во контакт со таков монструм, може да стане следна жртва.

Маја Трпковска за убијците на нејзиниот син очекува доживотен затвор, бидејќи во Македонија нема смртна казна. А дел од вработените во полицијата кои останаа глуви на нејзините апели да си го добијат заслуженото.

Таа денес побара да биде ослободена. Не дај Боже.

Сакам да остане запишано за да се памти и еден ден се прочита ова што го зборувам и пишувам.

Ако Ангела биде ослободена, секој учесник во таква одлука, ќе биде соизвршител во нејзиното следно убиство. Кога тоа и да се случи.

Божјите патишта некогаш не ги разбираме, но затоа ќе ја платиме цената што не сме го разбрале, вели Маја Трпковска.

Очекувам доживотна казна и ќе се борам за доживотна казна, истакна мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трпковска.

Пишува за Магазин: Маја Трпковска

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...