„Благодариме на сите за поддршката. Тешко е верувајте ми, многу тешко. Мојата битка продолжува, сега БАРАМ ПРАВДА ЗА МОЕТО ДЕТЕ, пишува мајката од убиениот Пино.

Објавил: Перо Милчин | 1 јуни, 2019 10:52

МАЈКАТА ОД ПИНО ДО УБИЈЦИТЕ: „Курво една, бел ден да не видиш ни ти, ни твојот помошник„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Мајката на убиениот Пино Секондо, кој од декември се водеше како исчезнат, преку статус на „Фејсбук“ се обрати кон медиумите и јавноста, заблагодарувајќи им им на сите, за поддршката во сите овие месеци.

Мајката на убиениот Пино напиша дека и е премногу тешко за убиството за нејзиниот син и сега ќе бара правда за нејзиното дете. Таа очекува двајцата убијци да добијат доживотен затвор.

„Благодариме на сите за поддршката. Тешко е верувајте ми, многу тешко. Мојата битка продолжува, сега БАРАМ ПРАВДА ЗА МОЕТО ДЕТЕ!!! ОРОСПИАТА АНГЕЛА ЃЕОРГИЕВСКА СО НЕЈЗИНИОТ ПОМОШНИК ШТО ГО ИМААТ УБИЕНО МОЕТО ДЕТЕ ДА ДОБИАТ НАЈ ГОЛЕМА КАЗНА! ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР!!! Да скапат во затвор! Детето ми го убиле и го сокриле за животни да ми го распарчат! Курво една, бел ден да не видиш ни ти ни твојот помошник ни твојата фамилија!!! Ороспиа! Ѓавол!!! Проклета да бидеш додека ќе имаш душа во тебе!!!“, напиша мајката на Пино.

Од младото момче Пино, од 27 декември немаше никаква трага.

Вчера беше донесена наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од страна на надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Едниот од осомничените кој е 27-годишен жител на Скопје, делото го сторил на 11 декември 2018 година, околу 2 часот, откако претходно се сретнал со сега починатиот. Како што соопшти Јавното обвинителство тие заедно со патничко моторно возило “Опел Аскона“ пристигнале во атарот на с.Арачиново во Скопје.

Убиецот извадил огнено оружје – пушка и го застрелал оштетениот во пределот на главата. Од нанесените повреди веднаш починал оштетениот П.С. 26-годишен жител на Скопје, кој непосредно по кривичниот настан беше пријавен од семејството и се бараше како исчезнато лице.

По стореното убиство, во обид да се скријат трагите, телото на починатиот било пренесено во с. Љуботен, каде е оставено во дупка и покриено со ќебе. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести