Нејзината лична приказна од детството ѝ ја поттикнала желбата денес да им помага на другите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 ноември, 2019 10:54

Мајка ми ме родила на 19 години, сакале да ме дадат во дом- Арнаудова си ја отвори душата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата македонска пејачка која многумина ја препознаваат и по нејзиниот покоен татко, фолк пејачот Гоце Арнаудов,  за Женски Магазин буквално си ја отвори душата и проговори за својата мајка која ја родила на 19 години.

Пејачката и автор Кристина Арнаудова веќе четири години гордо стои зад здружението „Проект среќа“, кое интензивно им помага на децата кои живеат во социјален ризик да имаат посреќно детство.

Нејзината лична приказна од детството ѝ ја поттикнала желбата денес да им помага на другите. Пејачката и автор Кристина Арнаудова веќе четири години гордо стои зад здружението „Проект среќа“, кое интензивно им помага на децата кои живеат во социјален ризик да имаат посреќно детство. И покрај инсистирањето на семејството да биде дадена во дом за деца, Арнаудова вели дека љубовта и упорноста на мајка ѝ победила, и таа растела среќно крај неа. Денес, освен пеењето, денот на Кристина која и самата е мајка на Матео и на Максим, во најголемиот дел е посветен на среќата на децата. Последниот хуманитарен проект, школата за музика „Гитари, дирки и свирки“ која неодамна се отвори е почетен повод за нашиот разговор.

 Дали некоја твоја лична случка, момент од твојот живот, детство, те инспирираше да ја основаш „Проект среќа“ ? 

– Не се сеќавам кога точно се случило тоа , бидејќи и како мала имал нагласена потреба да помагам некому.

Кога бев доволно голема да разберам, сфатив дека мајка ми која ме родила на 19 години, е заслужна за тоа што јас растам со неа, а не во дом за деца, иако нашето семејство инстистирало да бидам дадена во дом.

Тогаш сфатив дека она кое ме дели мене од децата кои се во дом, е само мал момент на одлука, мал момент на инает и љубов, став, и отпор кон предрасудите. Тогаш го добив тој голем порив да им помогнам. Не знаев точно како, но со текот на времето таа желба се искристализира во точна визија. И така се роди „Проект Среќа“.

Колку твоите синови се свесни за твојата хуманитарна работа, како реагираат тие на децата на кои секојдневно им помагате?

– Максим знае точно што правам, како помал доаѓаше со мене во некои семејства, а секоја година доаѓа на летниот камп во Маврово и се дружи со децата. Матео сѐ уште не знае што е тоа што го работам, но моја желба е тие да ме наследат и да бидат носители на проектите во „Проект Среќа“ еден ден. Сакам да им ја оставам во наследво најубавата професија во светот, да им помагаш на другите. 

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВДЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.