Тајсон ја освоил светската титула во бокс на само 20 години. Тој е еден од најголемите шампиони во тешка категорија и најмлад носител на титулите во верзиите на WBC, WBA и IBF.

Објавил: admin@magazin | 29 април, 2019 20:39

МАЈК ТАЈСОН: “Од мали нозе ме учеа да понижувам и тепам луѓе”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Еден од најдобрите боксери на сите времиња Мајк Тајсон во интервју за едно британско списание откри детали од својот живот, кои до сега јавноста не ги знаеше.

Целиот живот, уште кога имав 12 години, ме учеа да тепам луѓе и понижувам. Но, јас бев само едно исплашено дете, изјави Тајсон. Потоа се надоврза на моментот кој му ја обележа боксерската кариера, кога му го прегриза увото на Ивандер Холифилд.

Кога гледам сега од оваа перспектива, тоа го направив многу погрешно. Целиот живот, сите работи кои ги правев во рингот и надвор од рингот беа погрешни, откри Тајсон.

Тајсон ја освоил светската титула во бокс на само 20 години. Тој е еден од најголемите шампиони во тешка категорија и најмлад носител на титулите во верзиите на WBC, WBA и IBF. 

Мајкл Џерард „Мајк“ Тајсон, исто познат и како Малик Абдул Азис, (роден 30 јуни 1966) бил американски професионален боксер. Тој е еден од најголемите шампиони во тешка категорија и најмлад носител на титулите во верзиите на WBC, WBA и IBF. Тој е рангиран како број 16 на списокот на најдобрите 100 боксери на сите времиња, направен од списанието „Ринг“. 

Во 1992 година, кога бил на врвот на славата, Тајсон бил обвинет за силување во Вашингтон, поради што отслужил затворска казна од три години. Иако заработил вкупно 400 милиони американски долари за време на кариерата, во 2003 година Тајсон банкротирал при што било утврдено дека имал долгови од над 27 милиони долари. Тој успеал да го потроши големото богатство купувајќи луксузни автомобили и огромни палати, а уште за време на разводот од неговата сопруга загубил девет милиони долари, додека 13 милиони долари му биле одземени од даночната управа на САД.

 Тајсон бил апсолутен шампион во тешка категорија кога ги победил Тревор Бербик (технички нокаут, 2 рунда), Џејмс Смит (на поени, 12 рунди), Тони Такер (на поени, 12 рунди) и Мајкл Спинкс (нокаут, 1 рунда).

Познатиот „Детски динамит“, „Железниот Мајк“ и „Најлошиот човек на планетата“, Тајсон победил во 19 професионални борби со нокаут, од кои 12 во првата рунда.

Тајсон особено се истакнал во борбите против Спинкс. Тајсон прв пат ја загубил шампионската титула во својата 42. борба, од Џејмс Даглас, на 11 Февруари, 1990 година, во Токио, со нокаут во 10. рунда.

По излегувањето од затворот во 1995 година, Тајсон ја вратил титулата во тешка категорија, но во 1997 година повторно ја загубил титулата во борбата против Ивандер Холифилд, со технички нокаут во 11. рунда.

Нивната втора борба имала неверојатен крај, бидејќи Тајсон бил дисквалификуван поради гризнување на дел од увото на Холифилд. Тајсон повторно се борел за светската титула во 2002 година, на 35 годишна возраст, но тогаш загубил од Ленокс Луис. Тајсон конечно се повлекол од професионалниот бокс во 2005 година, по два последователни порази со нокаут од Дени Вилијамс и Кевин Мекбрајд.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.