Во рамките на 47. Мајски оперски вечери на 12 мај ќе биде изведен еден од најубавите балети во класичната уметност „Лебедово езеро“ на Петар Илич Чајковски

Објавил: Стефан Каневче | 11 мај, 2019 16:20

“ Мајски оперски вечери“ утре со “Лебедово езеро“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во улогата на Одета и Одилија, белиот и црн лебед ќе настапи Маја Махатели од Грузија, додека во улогата на принцот Зигфрид ќе настапи Артур Шестериков од Русија, двајцата првенци на Холандскиот национален балет, со голема балетска кариера. Во улогата на Ротбарт ќе настапи Давиде Буфоне (Италија).

Диригент е Бисера Чадловска, кореографијата е на Виктор Јаременко од Украина, сценографијата на Андреј Злобин додека костимографијата е на Гана Ипатиева. Националната првенка на Хрватска Ирена Пасариќ, како главен репетитор и педагог, за должена е за подготовките и пробите на балетскиот ансамбл. Настапува балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Махатели е добитник на наградaтa Нина Ананиjашвили и Гилберт Алберт во 2011 година, а во 2014 е номинирана за наградата Избор на критичарите во Холандија за нејзината изведба во „Жар птица“ во кореографија на Алексеј Ратмански и за Падеде од Чајковски во кореографија на Бланшин. Во 2015 година ја добива наградата „Александра Радиус“ за особени достигнувања во балетската уметност.

 

Маја Махатели е родена во Тбилиси каде го започнува нејзиниот балетски пат на Кореографскиот институт на Вахтан Чабукиани. Во 2002 година заминува во САД каде во Колорадо го продолжува нејзиното усовршување. Како финалист и добитник на повеќе награди на неколку натпревари, поканета е да стане дел од ансамблот на Балетот на Колорадо каде набргу напредува до позицијата балетски играч-солист. Во 2005 година заминува во Бирмингам каде е член на Кралскиот балет, за во 2006 година да стане дел од Државниот балет на Холандија каде денес е примабалерина.

 

Артур Шестериков е роден во поранешен СССР во балетско семејство. Во 2002 година, веднаш по завршувањето на Балетската школа во Перм со највисоки оценки тој станува дел од балетскиот ансамбл на Операта и балет во Перм. Уште како млад балетски играч му е дадена довербата за изведба на сложени солистички партии и главни улоги поради што зема учество на бројни турнеи со оваа балетска трупа. Во 2007 година добива покана да стане член на Холандскиот национален балет, а набргу е прогласен за солист во овој признаен ансамбл. За неговите достигнувања добитник е на наградата „Александра Радиус“, а во 2004 година е финалист на Меѓународниот натпревар „Арабеск“ на кој му е доделена наградата за најталентиран млад балетски играч.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Светски познатиот џез музичар, охриѓанецот Владимир Четкар, денеска го промовираше својот нов сингл „A new day“ за кој сними и спот – во Охрид.

Светскиот а наш музички Амбасадор со нов СИНГЛ и нов спот по Охридската калдрма

Џезерот танцува по калдрмата: Владимир Четкар има нов сингл, а спотот отвора прозорче...