Стеблата се тенки и жичести, а листовите се многугодишни кај повеќето видови, наредени наспрамно, овални, целосни и мали, долги 4-20 mm и најчесто ароматични.

Објавил: admin@magazin | 14 јануари, 2020 23:41

Мајчина душица – природен лек за многу болести

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мајчина душичка, е род со околу 350 видови на ароматични многугодишни растенија и полугрмушки високи до 40 см, кои припаѓаат на семејството на усноцветните растенија.

Членовите потекнуваат од умерените региони на Европа, Северна Африка и Азија. Стеблата се тенки и жичести, а листовите се многугодишни кај повеќето видови, наредени наспрамно, овални, целосни и мали, долги 4-20 mm и најчесто ароматични.

Цветовите, листовите и маслото од мајчина душица, луѓето најчесто ги користат при третирање на мокрење во кревет, дијареја, болки во стомакот, артритис, болки во грлото, настинка, бронхитис и гасови.

Мајчината душица е растение со кулинарска, медицинска и декоративна употреба. Припаѓа на родот Thymus, а латинско име и е Thymus vulgaris. Цветовите, листовите и маслото од мајчина душица, луѓето најчесто ги користат при третирање на мокрење во кревет, дијареја, болки во стомакот, артритис, болки во грлото, настинка, бронхитис и гасови.

Цветовите се групирани во густи терминални главички, со нееднаква чашка, кај која горната усна е троделна, а долната е расцепена. Венчето е цевчесто, долго 4-10 мм, бело, розево или лилјаково.
Неколку видови од овој род се култивираат како кулинарски билки или украсни растенија. Најпознат вид е Thymus vulgaris, односно обична мајчина душичка.

Мајчина душичка се сретнува во митиви и обичаи кај многу европски народи. Старите Грци своите жртви на боговите ги спаљувале со оваа биљка. Старите Римјани веровале дека оваа ароматична билка ги брка змиите, шкорпионите и другите отровни животни Во Тиролсе верувало дека таа штити ос декое зло, а во Саксонија во неа се капеле децата за да бидат напредни и заштитени од болести и зло.
Капење деца во вода со мајчина душичка се практикувало и кај словенските народи. Оваа билка кај словените има хтонски карактер и е во врска со душите на починатите. 

Решете го проблемот со акните со помош на мајчина душица

При тестирање на тинктурите од невен и мајчина душица за одредување на ефектите врз бактериите кои предизвикуваат појава на акни, научниците во Лидс откриле дека препаратите од мајчина душица се многу поефикасни при третирање на акни во споредба со кремовите кои често пати се препишуваат од страна на лекарите.

Членовите потекнуваат од умерените региони на Европа, Северна Африка и Азија. Стеблата се тенки и жичести, а листовите се многугодишни кај повеќето видови, наредени наспрамно, овални, целосни и мали, долги 4-20 mm и најчесто ароматични.

Мајчината душица превенира појава на рак на дојката

Онколозите од Универзитетот во Турција спроведоа студија за да го утврдат ефектот на дивата мајчина душица врз ракот на дојката. Во списанието Исхрана и Канцер, објавија дека мајчина душица ги уништува клетките на ракот на дојката. Тие заклучиле дека дивата мајчина душица “може да биде ветувачки кандидат во развојот на нови терапевтски лекови за третман на рак на дојка.”

Мајчината душица е ефикасна при кандида

Габичката кандида е причина за појава на габични инфекции на устата и вагината, а карактеристично е тоа што оваа инфекција често пати се повторува. Во списанието Planta Medica 10 е објавено дека етеричното масло од мајчина душица значително ја уништува кандидата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...