Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 805 прекршоци!

Објавил: Владо Марин | 21 јуни, 2020 10:45

МВР во 24 часа: Регистрирани 805 прекршоци за неносење маска

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во текот на изминатото деноноќие (20/21.06.2020 година) на територијата на Република Македонија на 213 лица им се издадени решенија за изолација, а 299 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека четири лица не ја почитувале мерката за изолација и четири лица не ја почитувале мерката за самоизолација.

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 805  прекршоци!

А додека пак минатиот ден за мерката на неносење лична заштита на лице беа регистрирани 659 прекршоци, а на 366 лица им беа издадени решенија за изолација, додека 261 лице потпишало изјава за самоизолација, соопшти вчера Министерството за внатрешни работи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести