Судот побара, МВР инстант издаде потерница за приведување на Груевски, иако поранешниот премиер има 24 часовно полициско обезбедување од шест лица доделени од Спасовски

Објавил: Мартин Попоски | 12 ноември, 2018 17:43

МВР издаде потерница за Груевски, судот прави циркуз од себе

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По налог на Кривичниот суд, Скопје 1 Скопје, МВР во 16 часот и 32 минути издаде потерница по поранешниот премиер и поранешен преседател на ВМРО – ДПМНЕ, актуелен пратеник Никола Груевски.

Информацијата ја потврдија и од МВР:

Ве известуваме дека Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12.11.2018 во 16:30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. Министерството за внатрешни работи веднаш откако му беше доставена, постапува по наредбата. – се наведува во информацијата.

Од судот соопштија дека денеска добиле известување од затворот во Шуто Оризари оти поранешниот премиерот Никола Груевски не се јавил за издржување на затворската казна. Од судот додаваат дека во текот на денешниот ден правеле нови обиди да му го достават на Груевски решението на кривичниот совет за издржувањето на казната.

Прашање е како судот побарал информација дали Груевски се пријавил на издржување казна затвор кога не добил решение? Решениеот е правен правосилен акт кој се упатива на лицето за кое е наменето, лично.

Во петокот судските курири во неколку обиди не успеаја да го пронајдат Груевски на адресата на која е пријавено неговото живеалиште. Пратеникот Никола Груевски е осуден на две години затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

Иронија е МВР кое директно е одговорно за обезбезбедување на поранешниот премиер со шест телохранители четири дена да не знае каде е Никола Груевски. Извори од СДСМ информираат дека Спасовски и Судот сепак се решиле на поспектакуларен начин на апсење.

Прашањето на кое и судот и МВР немаат одговор е каде се шесте телохранители од Шестата управа на МВР кои го обезбедуваат 24 часа поранешниот премиер на Македонија?

Имено поранешниот премиер, Никола Груевски го обезбедуваат шестмина припадници на Шестата полициска управа, но ни покрај тој факт МВР и Оливер Спасовски не знаат каде се наоѓа актуелниот пратеник, и зошто сеуште не му е врачена Одлуката на Советот на Кривичен Суд за одбивање на неговата жалба на отслужување на двегодишна затворска казна во случајот “Тенк”.

Притоа и во петокот во двата наврати сопругата на Груевски уредни го извести судскиот курур дека сопругот не и е дома. 

Провладиниот новинар, политички аналитичар, Сашо Орданоски во своја колумна истакна дека Груевски одамна ја напуштил земјата и дела во бегство.

Орданоски има информации кои МВР и Спасовски ги немаат? Ќе одговара ли Орданоски ако веста не е точна?

Согласно Законот за дополнување на Законот за Влада и Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и степените за обезбедување, Одделот за заштита на личности и објети со вкупно шест полициски службеници презема мерки и активности за физичко обезбедување на Никола Груевски, поранешен премиер.

Информацијата е половично точна дека шестмината полициски службеници не се 24 часовно ангажирани за негово обезбедување, односно дека работните задачи ги извршуваат во зависност од потребите на личноста.

Груевски е чуван и кога е во својот дом.

Останатото е протоколарно обезбедување каде лицето кое се обезбедува нема право да го отповика обезбедувањето доделено по службена должност.

Согласно Законот поранешниот премиер правото што произлегува од член 14 а, може да го остварува во период ист со времетраењето на извршувањето на функцијата Претседател на Влада на Република Македонија, почнувајќи од денот на пристапување на функцијата.

Груевски беше премиер од 26 август 2006 година до 18 јануари 2016 годниа, со што тој има право на десет години обезбедување согласно прошишаниот Закон.

Не е точно и дека Груевски одбил да се огласи на Судската одлука т.е. одбил да ја прими.

Судските служби во текот на петокот но не и саботата и неделата кои ги сметаат за неработни, направија три (3) обиди да го достават решението на Кривичниот совет, со кое се одбива жалбата против решението на судијата за извршување санкции за одложување на двегодишната затворска казна за Никола Груевски, со што би се комплетирала доставата.

Доколку доставата не се комплетира, како што информираа од Кривичниот Суд, судијата за извршување санкции може (но не мора) да преземе дополнителни мерки согласно Законот за извршување санкции. – се наведува во соопштението од судот.

Денес курирот се обиде да ја достави Одлуката на рочиште кое се одложи. Зошто би бил Груевски во суд кога нема потреба?

Имено стои фактот дека обидите да се пронајде за достава до завршувањето на денот, петокот и понеделникот, пропаднаа, но зошто алармантно се активира полицијата?

Имено поранешниот премиер нема пасош, исто така е под мерки претпазливост, што паѓа во вода дека шесте телохранитело само се грижат за неговата безбедност, дополнително ангажирани лица од МВР и го следат Груевски.

Пасошот на поранешниот премиер е одземен на 3 јули 2017 година со Одлука на истиот, Кривичен Суд, а на барање на СЈО и тоа за случајот Титаник за кој денешното рочиште се одложи за во среда.

Мерката претпазливост ја потврди и Апелациониот суд на 23 јули и тој покрај се, мора и еднаш месечно да се пријавува во Кривичен суд.

Фактични поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО – ДПМНЕ, актуелен пратеник, Никола Груевски е под постојана придружба на шест телохранители, вработени во МВР.

Спасовски има право согласно судските мерки за претпазливост да го следи човекот кој нема патна исправа да не ја напушти државата.

Груевски година и пол иако ја очекуваше пресудата но сепак редовно ги почитуваше времените мерки на судските органи.

До сега Груевски не прекршил ниту една времена мерка, а по три обиди за курирска достава се прави обид за присилно (и спектакуларно) приведување и проведувње во затвор?!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.