Истото ќе важи и за вториот изборен круг, соопштија од МВР

Објавил: admin@magazin | 21 април, 2019 7:49

МВР и денеска ќе издава лични карти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Одделенијата на МВР за управни работи ќе работат денеска, како и на 4 и 5 мај кога треба да се одржи вториот круг од претседателските избори.

Истото ќе важи и за вториот изборен круг, соопштија од МВР

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при МВР и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Барањата за за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота, 20 април.

Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи.

На денот на претседателските и локалните избори, недела, 21 април 2019 година, Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти.

Истото ќе важи и за вториот изборен круг, соопштија од МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.