Сообраќајната несреќа предизвика и меѓуетнички искри кај одредени луѓе

Објавил: Узунов Бобан | 15 февруари, 2019 7:56

МВР покрена постапки за говор на омрaза поврзани со несреќата

Фото/Текст извор: ©магазин

Министерството за внатрешни работи покренало пет постапки за говор на омраза по тешката сообраќајка кај Лескарци, каде животот го загубија 14 лица, а повеќе од 30 се повредени, истакна министерот Оливер Спасовски.

-Лично, чувствувам дека како луѓе не можеме да се издигнеме пред се, дека сакаме да се почитуваме меѓусебно, туку напротив, можеби политичките, верските и националните поделби ги ставаме пред човечкиот живот  што е нешто најсвето. Таков говор на омраза апсолутно ме прави понижен и поразен кога доаѓа дури од универзитетски професор, изјави Спасовски.

Професорката Ванковска после објавен статус каде ги поврзала сообраќајната несреќа со Карпалак од 2001 година предизвика негативни реакции во јавноста. Таа подоцна објави дека не била намерата за да продуцира говор на омраза а ги документирала и заканите кои ги добивала

Тој соопшти дека се покренати пет постапки за говор на омраза и соодветни пријави до јавните обвинителства во Скопје, Струмица и Куманово и се работи на детекција на други профили на социјалните мрежи од кои се шират говори на омраза. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.