МВР нема да дозволи употреба на сила врз полицијата и насилен упад во институциите

Објавил: admin@magazin | 18 јуни, 2018 15:28

МВР: Приведени 25 лица, повредени десет полицајци

Фото/Текст извор: ©мвр

Полицијата привела 25 лица, а десет полицајци биле повредени во вчерашниот протест пред Собранието, информираше МВР.

Во текот на вчерашниот јавен собир во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од демонстрантите, од кои голем број маскирани, насилно ја турнаа заштитната ограда и почнаа со фрлање на камења и пиротехнички средства и други предмети кон зградата на Собранието и полицискиот кордон, воедно обидувајќи се насилно да влезат во Собранието. Со цел спречување на понатамошно нарушување на јавниот ред и мир и насилен упад во Собранието, а постапувајќи согласно процедурите, полицијата спроведе соодветни мерки и активности. Повредени се 10 полициски службеници, а седум лица побарале лекарска помош. Приведени се 26 лица, велат од МВР.

Според полицијата, околу 21.30 часот околу 50 демонстранти движејќи се во група се упатиле кон Плоштад Македонија и насилно упаднале во два угостителски објекти, каде искршиле дел од инвентарот и предизвикале паника и страв кај присутните гости, а во еден објект демонстрантите врз гостите фрлиле солзавец. Во близина на хотелот „Холидеј ин“ запалено е комбе „Фиат“, а огнот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита.

Член 46 од законот за Полиција: Лицето може да се повика во време од 6,00 до 22,00 часот.
(2) Ако постои опасност од одлагање, полицискиот службеник е овластен да го повика лицето и надвор од времето утврдено во ставот (1) на овој член.

Министерството за внатрешни работи потенцира дека го почитува правото на мирен протест, но нема да дозволи употреба на сила врз полицијата и насилен упад во институциите, како и нарушување на јавниот ред и мир. Министерството апелира на демократски начин на изразување на јавното мислење.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести