Вчера, неколку медиуми објавија фотографии од Рашковски, на кои се гледа како без полициска придружба оди по улица во населбата Аеродром.

Објавил: Перо Милчин | 17 септември, 2021 7:31

МВР: Рашковски има дозвола од судот да го напушта домот за здравствени услуги

Фото/Текст извор: ©магазин

Точно е дека поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, излегувал од својот дом иако издржува мерка куќен притвор.

Од МВР за „Фокус“ појаснуваат дека Рашковски во одредени периоди го напуштил домот со дозвола на судот.

Д.Р. има дозвола од Основниот кривичен суд Скопје 1 со која поради здравствени потреби му се дозволува да се оддалечи од домот за да оди во точен период од денот да ја добие здравствената услуга. Дозволата е за точно определени денови. Во останатиот период од денот (освен периодот од неколку часа, кој му е дозволен од судот) Д.Р. ја почитува мерката. Конкретно денеска се направени две проверки од полициски службеници на СВР Скопје и Д.Р. ја почитувал мерката која му е изречена, ни одговорија од МВР.

Вчера, неколку медиуми објавија фотографии од Рашковски, на кои се гледа како без полициска придружба оди по улица во населбата Аеродром.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.