Спасовски во немање одговор како не знае каде е Груевски, објави национална потерница на сајтот на МВР и дозволи медиумите да снимаат обид за апсење како сензација

Објавил: Мартин Попоски | 12 ноември, 2018 19:51

МВР со национална потерница за Груевски, Спасовски прави сензација

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерството за внатрешни работи во акција за притвор на поранешниот премиер Никола Груевски, која наликува на вестерн филм.

Откако министерот Оливер Спасовски не одговори како може и покрај физичкото обезбедување пред домот на Груевски и покрај шесте доделени телохранители од страна на Шестата полициска управа, да не знае каде е поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО – ДПМНЕ, направи сензација.

Имено по стапките за кои ги обвинуваше ВМРО – ДПМНЕ, Спасовски дозволи при интервенција на ЕБР (Единиците за брза интервенција) и Алфите да снимаат и бројни медиумски куќи. 

Полицијата пратеникот Никола Груевски може да го приведе со еден униформиран или не полициски службеник.

Зошто сензационалистичкиот пристап на Спасовски?

Според партиски избори од СДСМ, обично приведување на Груевски е малку, затоа се игра на картата сензација. Иако во самото дело има пропусти. Судските служби како доставата ја реализираа во работен ден а сабота и недела ги сметаа за слободен викенд, не е јасно како добиле наредба да приведување и спроведување до Судот во 16 часот и 32 минути кога службите работат до 15 часот?

Кој судија на крај на работно време и по која проценка се решил за ноќна акција?

Груевски се бараше во својот дом, на чекор до седиштето на СДСМ, што е преседан, како истиот со времените мерки е следен и од страна на цивилна полиција.

Се спомнуваат имињата на неговата сопруга и мајка, места каде полицијата сеуште не интервенирала, но хаосот кој го направи Спасовски со медумите е клачична политичка хајка.

Која информација е точна? Се влезе ли во домот на Груевски ли не? Зошто единиците Алфи чекаат пред зградата на поранешниот премиер? Каде се моментално шесте обезбедувачи на Груевски?

МВР сепак навремено ја објави на својот официјален портал националната потерница.

Национална потерница објавена на сајтот на МВР за Никола Груевски

Самата пак таа отвора нови две прашња. 

Ако е национална се знае дека Груевски не ја напуштил земјата како што шпекулираат медиумите?

И кои се насоките ако граѓанин го забележат поранешниот премиер како пие кафе во некој од скопските кафулиња? 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.