Како што истакна министерот Спасовски, министерството за внатрешни работи продолжува со континуирани акции за заплена на нелегално оружје и дрога.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јули, 2019 13:45

МВР уништи околу 600 парчиња оружје и над 400 килограми дрога

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера по повод  9-ти  Јули – Меѓународниот ден за уништување на огненото оружје министерот Оливер Спасовски ги посети погоните на Еуроникел индустри во Кавадарци, каде беа уништени оружје и наркотични дроги  одземени по основ на правосилни судски одлуки, донесени по завршени кривични постапки, како и врз основ на  решениja за нивно  ништење , донесени од  соодветните судови во државата.

Во текот на вчерашниот ден по повод 9 јули Меѓународниот ден за уништување на огненото оружје беа уништени над 600 парчиња оружје и над 400 килограми дрога

Уништувањето на дрогата и оружјето беше реализирано со соработка меѓу Министерството за внатрешни работи, Државната комисија за уништување на  наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и Агенцијата  за управување со недвижен имот. Согласно претходно утврдени законски процедури, огненото оружје и наркотичните дроги  претходно беа преземени од магацините на судовите и  складирани во магацините на МВР, согласно Планот за преземање на мерки и активности  за преземање, транспорт и складирање на огненото оружје и наркотички дроги.

„Станува збор за уништени повеќе од 600  парчиња оружје , од кои најголемиот дел се пиштоли -358, ловечки пушки – 142, автоматски пушки -32,   воздушни пушки – 54, еден ракетен фрлач и друго. Во поглед на уништени количини на дрога, станува збор за повеќе од 400  килограми наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, и тоа марихуана, хашиш, кокаин, хероин, амфетамини и друго. Сакам да се заблагодарам на раководството на Еуроникел индустри што изрази подготвеност и добра волја и без никаков надомест ни беше понудено заеднички да ја реализираме целата оваа активност“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.        
Како што истакна министерот Спасовски, министерството за внатрешни работи продолжува со континуирани акции за заплена на нелегално оружје и дрога.
Во борбата со нелегалното оружје во 2018 година има зголемување на откривачката дејност во однос на 2017 година.  Во 2018 година беа откриени 187 дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје“, за што кривично се пријавени 205 сторители. 
„Што се однесува пак до „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“, во 2018 година имаме 789 кривични дела, за што се пријавени 905 сторители и во овој сегмент имаме зголемување на откривачката дејност за 43 отсто. Во рамки на овие кривични дела запленети се над 1,5 тони дрога“, рече министерот Спасовски.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести