Албанските статистичари ги воведуваат а македонските ги бришат графите за етничка и верска припадност на населението за претстојните Пописи 2020 - 2021 година

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 август, 2018 10:08

МД “Илинден”: Изјаснувањето на етничката и верска припадност да биде задолжителна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонското друштво “Илинден” и огранокот за Голо Брдо го поздравуваат чекорот на албанските власти на формуларот за Попис што ќе биде спроведен во 2020 година да има графа за етничка и верска припадност на граѓаните.

Сепак како што стои во соопштението бараат изјаснувањето да биде задолжително а не незадолжително.

“Од името на Македонците во Република Албанија ја поздравуваме одлуката на Институтот за статистика  [ ИНСТАТ ] во пописниот формулар да постои графа во која граѓаните ќе се изјаснуваат за својата етничка и верска припадност што се случува првпат. Но не се согласуваме тоа да биде незадолжително. Ќе побараме од Институтот и за овие прашања одговорот да биде задолжителен.” – се наведува во соопштението.

Во таа насока планираат заедничка средба со претставници на политички партии и друштва на другите малцинства на која ќе се договарат заедно да достават барање до ИНСТАТ одговорот на споменатите прашања да биде задолжителен.

Инаку директорката на Институтот Делина Ибрахимај деновиве најави дека во 2020 година на Попис прв пат во пописниот формулар ќе постои графа на која граѓаните ќе може да ја искажат по своја волја етничката и верска припадност.

Претходниот попис спроведен во 2011 година поради непостоење графа за етничка и верска припадност го бојкотираа припадниците на малцинствата но попишувачите ги попишуваа врз основа на податоците од матичните служби на населеното место што подразбира дека припадници на малцинства беа “попишани” само во оние општини каде им се признава статус на малцинство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести