Откако пред извесно време на големо се пишуваше дека парот се разведува, сега медиумите објавија дека Меган всушност е бремена со второ дете.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 мај, 2020 21:43

Меган и Хари повторно во центарот на вниманието: Парот го очекува второто дете?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Веќе извесен период Меган Маркл и принцот Хари се во центарот на вниманието поради тоа што ја напуштија кралската палата и започнаа свој живот во Америка.

Откако пред извесно време на големо се пишуваше дека парот се разведува, сега медиумите објавија дека Меган всушност е бремена со второ дете.

Меган и Хари на почетокот на годинава се откажаа од кралските должности, и заминаа во Америка.

Како што пишуваат медиумите Мега и Хари не сакаат да прават голема разлика во годините на децата, па ако се земе тоа предвид оваа вест може да е веродостојна.

Имено Мика Мејер која е експерт за деталите на кралското семејство и нивните протоколи, пред извесно време откри интересни предвидувања за второто дете на Меган и Хари, а странските медиуми денеска објавија дека парот наскоро ќе ја сподели убавата вест со јавноста.

Мика Мејер изјави дека второто бебе на Меган и Хари може да биде претседател на САД.

„За разлика од Арчи, второто дете ќе биде родено во Америка. Тоа значи дека еден ден ќе може да стане американски претседател“, вели Мејер.

За потсетување, Меган и Хари го напуштија кралското семејство на почетокот на годината.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.