Имено, толпата ги пречека принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, како и војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл.

Објавил: Македонка Димкин | 16 септември, 2022 7:09

Меган Маркл ги разбесни Британците: Сите тагувале, а таа го свртувала вниманието на себе!

Фото/Текст извор: ©канал 5

Војвотката од Сасекс, заедно со нејзиниот сопруг принцот Хари, ги поздрави граѓаните кои се собраа да ѝ оддадат почит на покојната кралица, а еден од нејзините потези предизвика бран различни реакции.

Имено, толпата ги пречека принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, како и војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл. Многумина се обидоа да се пробијат до оградата за одблизу да ги видат идните наследници на круната и еден од највпечатливите парови на британското кралско семејство. За време на прошетката која траеше 40 минути, во еден момент вниманието на собраните граѓани го привлече Американката Меган Маркл која ѝ пријде на една тинејџерка по име Амелка Зак и почна да разговара со неа. Сепак, никој не претпоставуваше како ќе заврши ситуацијата, бидејќи сопругата на Хари поради низата случувања повеќе не е најомилената личност во Британија.

– Здраво. Како се викаш? – ја прашала Меган девојката.

– Амелка – ѝ одговорила таа.

Меган потоа продолжила:

– О, прекрасно. Колку време чекаш овде? Ви благодариме што дојдовте, нашето семејство навистина го цени тоа – рекла Меган.

Откако девојката кажала дека чекала два часа да поминат, Меган била прилично изненадена. Младата Британка потоа ја замолила за прегратка, а војвотката се согласила и покажала, како што многумина истакнале, хуманост и голема непосредност. Во еден момент на војвотката ѝ се насолзиле очите, но таа успеала да се воздржи да не заплаче.

Овој емотивен момент е поделен на ТикТок и има собрано 2.5 милиони допаѓања.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.