Но весникот „Њујорк тајмс“ неодамна обелодени невиден скандал кој ја тресе компанијата „Викторија сикрет“. Имено станува збор за сексуално злоставување од страна на извршниот директор на компанијата Ед Разек за кој до сега многумина кои биле дел од компанијата изјавиле дека несоодветно се однесувал со моделите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 февруари, 2020 12:04

МЕГА СКАНДАЛ ВО „ВИКТОРИЈА СИКРЕТ“: Извршниот директор сексуално ги злоставувал моделите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Високи, згодни, убави, секогаш дотерани, насмеани и весели, е описот за прекрасните манекенки од „Викторија сикрет“, една од најпознатите модни куќи во светот.

Ед Разек, главниот директор за маркетинг на „Викторијас сикрет“ минатата година се повлече од компанијата по 36 години.

Но весникот „Њујорк тајмс“ неодамна обелодени невиден скандал кој ја тресе компанијата „Викторија сикрет“. Имено станува збор за сексуално злоставување од страна на извршниот директор на компанијата Ед Разек за кој до сега многумина кои биле дел од компанијата изјавиле дека несоодветно се однесувал со моделите.

Имено многумина го обвинуваат дека недозволиво се однесувал со моделите, се обидувал да ги бакнува, ги допирал, барал да седат во неговиот скут, но и вербално ги навредувал.

Постои сомневање дека тој се обидел да злостави и една 19 годишна манекенка која го одбила, но тој бил упорен и почнал да ја бакнува, ситуациата стигнала до таму што ја молел да се всели во неговиот дом, а таа ја одбила ваквата понуда, по што и бил прекинат договорот.

Весникот „Њујорк Тајмс“ кој го обелодени овој скандал до сега интервјуирал повеќе од 30 сегашни и поранешни директори, вработени, изведувачи и модели кои работеле за „Викторија сикрет“ и сите стоеле на ставот дека  Ед Разек, несоодветно се однесувал моделите.

Секако Резек негира за ваквите озборувања и обвинувања.

„Обвиненијата во ова известување се категорично невистинити, погрешно прикажани или изнесени од контекст. Имав среќа да работам со безброј модели од светска класа и професионалци и се гордеам со меѓусебната почит која ја имаме едни за други“, напишал Разек.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.