Имено, на 14 јуни 2018, во еден ден од судот беше прогласен стечај но и беше изгласан планот за реорганизација на компанијата со кој беше отпишан долгот од 28 милиони евра до „Топлификација“ што всушност се парите со кои е основана фирмата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 декември, 2019 21:15

МЕГА СКАНДАЛ: Заев и Анѓушев вмешани во криминал тежок 200 милиони евра, заедно со Руси!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Преку 200 милиони изнесува штетата од лажниот стечај на електраната „ТЕ-ТО“ и со истата освен што е оштетена „Топлификација“, оштетен е и државниот буџет – покажува истражувањето на „Економски Лидер“.

-Во целиот дил, очигледно се вмешани премиерот Зоран Заев но и вице-премиерот Кочо Анѓушев, кои заедно со дел од судската власт по се изгледа соработуваат со руската офшор фирма „Битер-Холдинг Лимитед“ која предизвика лажен стечај на ТЕ-ТО – поради што беше поднесена кривична пријава од финансиска полиција до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција. Имено, Финансиска Полиција го сомничи директорот на фирмата Вадим Михајлов (инаку руски државјанин) кој во моментов е во бегство, дека го предизвикал лажниот стечај на ТЕ-ТО и со тоа ги оштетил акционерите на Топлификација за повеќе од 30 милиони евра, објавува порталот.

АНЃУШЕВ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПОЛИТИКАТА- ДРАСТИЧНО ПАДНАЛ ПРОФИТОТ ВО НЕГОВИТЕ КОМПАНИИ

ТЕ-ТО ВО ЕДЕН ДЕН ОТИДЕ ВО СТЕЧАЈ И СЕ РЕСТАРТИРАШЕ!

Оваа фамозна електрана е основана од македонската компанија „Топлификација“ во партнерство со „Битер-Холдинг“ од Кипар каде што сопственик е рускиот олигарх Леонид Лебедев. Во 2018, таа е прва на листата по остварена добивка од дури 120 милиони евра, но симптоматично, во истата година најпрофитната компанија во државава отиде во стечај.

Имено, на 14 јуни 2018, во еден ден од судот беше прогласен стечај но и беше изгласан планот за реорганизација на компанијата со кој беше отпишан долгот од 28 милиони евра до „Топлификација“ што всушност се парите со кои е основана фирмата.

Топлификација е акционерско друштво и со ова практично се оштетени инвеститероите кои купиле акции.

Стечајот се случи поради тоа што руските газди преку перење на пари извлекле 150 милиони евра (за што докази ќе објавиме во вториот дел од нашето истражување), државниот буџет е оштетен за 20 милиони евра со простувањето на данок од страна на владата а акционерите на „Топлификација“ се оштетени за 28 милиони евра, со тоа што судот ги прости долговите на ТЕ-ТО кон оваа компанија.

„ЛИДЕР“: КАКО Е ВМЕШАН ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ?

И покрај тоа што очигледно станува збор за лажен стечај, премиерот Зоран Заев одлучи да потпише одлука со која ќе додели државна помош за компанијата ТЕ-ТО.

Ова не е помош туку практично е опростување на данокот на добивка кон УЈП на ТЕ-ТО кој заедно со аконтациите изнесува преку 20 милиони евра.

Симптоматично е што владата додели ваква помош на компанија за која кривична пријава има поднесено Финансиска Полиција.

Повеќе од анализата како и фокументите кои го обелоденуваат скандалот, погледнете на ЛИДЕР

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.