Државниот Јавен обвинител Љубомир Јовески најави дека активирана е предистражна постапка кој го започнал прислушкувањето но и кој дозволил тоа до ден денес да трае

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 ноември, 2018 14:44

Мега скандал: Јавното обвинителство се прислушкува од 2016 година до денес

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Републичкиот јавен обвинител на брифинг со новинарите откри дека Основното јавно обвинителство води предистражна постапка за телефонската централа во зградата на обвинителството.

Станува збор за два хард диска на кои биле снимани сите влезни или излезни телефонски разговори во зградата.

Разговорите се од 30 септември 2016 година до денеска.

Сеуште не е јасно која институција или личност го спровело прислушкувањето.

Предистражната постапка треба да утврди дали било прислушувано и Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Треба да се утврди дали некој имал пристап до податоците, дали ги изнесувал, бришел и сл.

Државниот обвинител Љубомир Јовески рече дека се испитува извесен период дали тоа го правело лице или лица од обвинителството или од надвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.