Признанието замина во рацете на креаторите на „Американска фабрика“ поддржан и од поранешниот американски претседател Барак Обама.

Објавил: Владо Марин | 10 февруари, 2020 5:15

“Медена земја” не освои Оскар, но ги освои срцата ширум светот: За нас вие сте победници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Медена земја“ (Honeyland) на доделувањето на оскарите во Лос Анџелес не освои златна статуетка.

Признанието замина во рацете на креаторите на „Американска фабрика“ поддржан и од поранешниот американски претседател Барак Обама.Во категоријата Најдобар интернационален филм оскарот го доби корејскиот филм „Parasite“ (Паразит).

Атиџе беше вистинска ѕвезда, луѓето ја сакаат па дури и холивудските ѕвезди постојано ја застануваат за да се сликаат со неа.

„Медена земја“ испиша нова историја во македонската кинематографија, а и во оскаровската, бидејќи никогаш досега документарен филм не бил номиниран и во категоријата Најдобар интернационален филм.

Македонскиот документарец „Медена земја“ е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска. „Медена земја“ е филм за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата. Атиџе со ведрина во гласот се присетува на безгрижните детски денови во селото Бекирлија.

Во детството, Атиџе неколку пати се соочила со страшни убоди од пчелите, но така и ги засакала.

Медена земја е првиот филм во историјата кој доби номинации за Оскар во две категории – најдобар документарец и најдобар странски филм.
„Сара Џесика Паркер беше многу возбудена што ја сретна Атиџе откако го гледала филмот. Атиџе ѝ предвиде иднина гледајќи ѝ на кафе“, вели продуцентот Атанас Георгиев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.