Многу нутриционисти ја истакнуваат важноста на медитеранската исхрана и напоменуваат дека не станува збор за пропишан план и програма за исхрана туку повеќе за начин на живот.

Објавил: admin@magazin | 3 април, 2019 23:32

Медитеранската исхрана- прогласена за најдобра диета во 2019 година !

Фото/Текст извор: ©арт.кујна

За здравствените предности на медитеранската диета веројатно веќе сте слушнале – губење на тежината, превенција од разни болести, но што е уште поважно, станува збор за диета која е лесно да се следи.

Диетата се темели на праксата за исхрана на жителите на медитеранските земји за која стручњаците сметаат дека е подеднакво корисна како и диетите со мал процент на јаглени хидрати.
Многу нутриционисти ја истакнуваат важноста на медитеранската исхрана и напоменуваат дека не станува збор за пропишан план и програма за исхрана туку повеќе за начин на живот.
Ваквата диета подразбира исхрана богата со овошје, зеленчук, интегрални житарки, мешунки, грав, јаткасти плодови и маслиново масло. Рибата, месото од пердувестите животни, јајцата, сирењето и јогуртот се исто така дозволени во умерени количини.

Обично секое зелјесто растение или дел од растение кое редовно луѓето го консумираат како храна може да се нарече зеленчук. Меѓутоа печурките, иако членови на царството на габите, сепак се општоприфатени во малопродажбата како зеленчук. Оревите, семките, житарките и билките и зачините обично не се сметаат за зеленчук, со исклучок на пченката, иако сите тие се делови од растенија.

Доколку се придржувате до медитеранскиот начин на исхрана можете да вклучите и чаша црно вино со вечерата.

Иако станува збор за диета и за план на исхрана, медитеранскиот начин на живот подразбира и физичка активност. Физичката активност и вежбањето се голем дел од медитеранскиот налин на живот па затоа вежбите и одењето во теретана ќе ви овозможат да ги осетите во целост ефектите од оваа диета.
Медитеранската диета не вклучува рестрикции како останатите диети кои исклучуваат цели групи на намирници, што значи дека на располагање и понатаму ви се црвеното месо, па дури и слатките.

Сепак, ќе морате сами да ја одредите големината на порцијата, како и количината на калориите кои ги внесувате за да не претерате со оглед на тоа што една лажичка маслиново масло има околу 80 калории.
Истражувањата покажуваат дека оние кои ја следеле медитеранската диета со маслиново масло изгубиле најмногу килограми што докажува дека ограничувањето на внесувањето на мастите не помага за слабеењето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...