Соседните медиуми постојано пренесуваат актуелни информации од земјава, како и новостите со случајот Рекет, но вчера беше пренесена и веста дека Боки13 е пренсен во клиника откако колабирал во тоалет во судот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 октомври, 2019 11:04

Медиумите од регионот загрижени за здравјето на Боки13

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Што се случува со Бојан Јовановски, каква е неговата здравствена состојба, како е третиран во затворот во Шутка…Се само дел од прашањата кои си ги поставуваат медиумите од соседството, пишува Фактор.мк.

Видно беше нарушеното здравје кај Боки 13 уште при пристигнувањето во одделот за организиран криминал и висока корупција.

Соседните медиуми постојано пренесуваат актуелни информации од земјава, како и новостите со случајот Рекет, но вчера беше пренесена и веста дека Боки13 е пренсен во клиника откако колабирал во тоалет во судот.

Непријатна ситуација проследи вчера јавноста.

На првиот осомничен во „Рекет“ му се слоши во ОЈО, каде беше донесен да даде исказ, но тоа не се случи бидејќи итно мораше да биде пренесен во болница.

Адвокатот Дуковски пред медиумите кажа дека неговиот клиент итно е хоспитализиран во болница. 

Половина час откако од истражниот затвор во Скопје е донесен во обвинителство да даде изјава како прв осомничен Јовановски е изнесен со помош на количка и во придружба на полиција префрлен во болница.

Според Дукоски, Јовановски започнал да повраќа во тоалетот на обвинителството, му се слошило и се онесвестил, додавајќи дека „тоа било непријатна сцена“.

„Не случајно тој досега беше најмалку 20 пати во болница. Тој не даде изјава. Повраќаше во тоалетот, а потоа колабираше. Многу лоша и грда сцена“, рече бранителот на „Боки 13“, Сашо Дукоски.

Од друга страна пак Директорот на Градската општа болница „8 Септември“, Христијан Костов,вели дека Бојан Јовановски нема сериозни нарушувања на здравјето, откако првоосмничениот во „Рекет“ беше вратен назад во притвор во затворот во Шутка.

На 4 октомври, Апелациониот суд во Скопје го отфрли барањето на Јовановски да биде ослободен од затворскиот притвор, во кој тој е од 15 јули, затоа што истрагата беше завршена и неговата здравствена состојба беше лоша.

Извор ФАКТОР.МК

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.