Самоопределувањето, исто така, даде уверување на ДСК, писмено ветување за поддршка на нивниот кандидат за претседател на Косово кога мандатот на Хашим Тачи истекува следната година.

Објавил: Перо Милчин | 1 февруари, 2020 19:52

МЕДИУМИТЕ ТВРДАТ: Курти премиер – постигнат договор за формирање на Влада на Косово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Движењето Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово денеска постигнаа договор за формирање на косовската влада, пренесува „Косовска онлајн“, а во договорот ќе има 15 министерства.

Самоопределувањето, исто така, даде уверување на ДСК, писмено ветување за поддршка на нивниот кандидат за претседател на Косово, кога мандатот на Хашим Тачи му истекува следната година.

Албин Курти својата политичка кариера ја започнал уште во деведесетите години на минатиот век, кога како студент организирал политички протести во Приштина.

Владата, исто така, ќе има, како што е утврдено, 15 министерства, од кои шест ќе припаѓаат на Самоопределување, шест од ЛДК, две ќе дадат на Српскиот список, што е резултат на уставна обврска ако владата има повеќе од 12 министерства, додека едно министерско место ќе биде од малцинските партии.

Албин Курти својата политичка кариера ја започнал уште во деведесетите години на минатиот век, кога како студент организирал политички протести во Приштина. Тогаш тој бил официјален портпарол на албанските студенти во Косово, а зборувајќи за медиумите во тоа време тој нагласил дека нивните демонстрации „не се политички и немаат ништо со политичките партии“.

Заради своите студентски акции бил уапсен неколку пати, а првпат со затворот се соочил во 1997 година заради организирање на студентски протести на Универзитетот во Приштина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Објавени се снимки на кои, според тврдењата на Приштина, се гледаат почетните напади, кога е и убиен припадникот на косовската полиција.

Свеља кажа дека снимките биле најдени во еден од дроновите запленети во Бањска, кој, како што кажа, „бил во рацете на терористите“.

Косовската полиција објави две снимки тврдејќи дека на нив се гледа почетокот на судирот меѓу групата Срби и косовската полиција.



„Видеото ги прикажува првите напади на терористичката група на косовската полиција. Нападите, како што се гледа, се извршени со различно оружје, почнувајќи од зоља и друго тешко вооружување“, тврди косовскиот министер.



Полицијата на Косово објави и фотографии од запленето оружје за кое тврдат дека е произведено во Србија, а дека дел од оружјето и муницијата се произведени во последните години.

Претходно премиерот на Косово Аљбин Курти објави снимки кои, како што тврди, покажуваат дека оружената група од Бањска за нападот се спремала на воен полигон во Србија.

Косовската полиција објави снимки од почетокот на нападот во Бањска (ВИДЕО)

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, продолжи да објавува снимки...

Кандидатурата на Косово доби поддршка и од Албанија, каде што ќе се одржат дел од настаните. Позитивна оценка за кандидатурата даде и комисија на МКМИ, која престојуваше во Косово пред една недела.

Косово ја доби организацијата на Медитеранските игри 2030

Генералното собрание на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ), што се...

Тие оценија дека безбедносната состојба на северот на Косово е вознемирувачка и тензична.

ЕУЛЕКС: Вознемирени сме од присуството на вооружени и маскирани лица и групи на север од Косово

Мисијата на Европската унија за правда (ЕУЛЕКС) денеска соопшти дека за време на патролите...