По телефонскиот разговор помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, Русија испрати 60 тони медицинска опрема, вклучувајќи респиратори, маски и вентилатори.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 април, 2020 10:45

МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ОД РУСИЈА ПРИСТИГНА ВО САД: Трамп призна- опремата е од врвен квалитет!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Соединетите држави ќе и платат на Русија контингент за медицинска опрема за борба против ширењето на вирусот корона, изјави денеска висок функционер на администрацијата на Трамп, но не отстрани сомнеж за тоа кој ќе ги сноси трошоците за пратката во Москва.

По телефонскиот разговор помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, Русија испрати 60 тони медицинска опрема, вклучувајќи респиратори, маски и вентилатори.

Во оваа прилика, Трамп оцени дека руската опрема е со највисок квалитет и верува дека ќе спаси многу животи.

Рускиот претседател Владимир Путин понуди помош преку телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот, бидејќи двајцата лидери разговараа за тоа како најдобро да се одговори и да се заштити народот од епидемијата на корона вирусот.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека официјална Москва платила половина од цената на целиот контингент, а висок официјален претставник на Белата куќа, кој сакал да остане анонимен, изјави за Ројтерс дека Русија продала опрема по пониска цена од онаа на пазарот во Америка, не наведувајќи колку платил Вашингтон .

Инаку многумина за овој потег на Русија изјавија дека е историски момент. Имено САД И Русиај решија да остават на страна се и да се фокусираат на човечките животи.

Вчера министерството соопшти дека преку океанот прелетал авион Ан-124-100 Руслан кој пренесува медицинска заштитна опрема.

Инаку според сите прогнози на експертите се очекува бројот на заразени со корона вирус во Соединетите држави може да биде сто илјади, во најдобар случај, до 2,2 милиони луѓе, во најлош случај, според стручните документи објавени од прес-службата на Белата куќа во вторникот.

За потсетување, рускиот претседател Владимир Путин понуди помош преку телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот, бидејќи двајцата лидери разговараа за тоа како најдобро да се одговори и да се заштити народот од епидемијата на корона вирусот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.