Вариететот на мед продуциран од медоносните пчели (од родот Apis) е најпознат поради неговото глобално комерцијално производство и употреба.

Објавил: admin@magazin | 12 февруари, 2022 18:20

МЕД ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ: Како влијае овој моќен лек на вашиот организам?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најголемото количество на мед се користи во исхраната како високо калорична храна кај одредени пациенти во фаза на рековалесценција, како дополнување во исхраната при потхранетост, слабокрвност, грип или настинка и слично. Мед е слатка вискозна супстанца која ја продуцираат пчелите. Пчелите го продуцираат медот од цветниот нектар (растителен секрет богат со шеќери) и го складираат во восочна структура наречена саќе.

Вариететот на мед продуциран од медоносните пчели (од родот Apis) е најпознат поради неговото глобално комерцијално производство и употреба.

Медот може да се собира или од дивите колонии на пчели или од кошниците на домашните пчели, дејност која е позната како пчеларство.
Слаткиот вкус на медот доаѓа од моносахаридите фруктоза и глукоза, а блажината му е приближно иста со онаа на сахарозата. Поради оваа особина често се користи во кулинарски цели како засладувач. Една од интересните карактеристики на медот е што повеќето микроорганизми не се способни да растат во него, затоа медот не се расипува, дури и во тек на илјадници години.

Сите знаат колку медот е здрав, но не знаат сите дека не е исто дали ќе се проголта веднаш, или, како што е правилно, постепено ќе се раствори во устата.
Ефектот се постигнува и ако се раствори во чаша млака вода, чај или млеко. На тој начин правилно се внесува во организмот и може да го зајакне, да го обложи желудникот, да ја угаси жедта или да помогне при кашлица и астма.

Важно е медот да се црпи со дрвена или пластична лажица, а не метална, бидејќи таа го неутрализира лековитото дејство.
Најдобро е да го консумирате наутро, на празен стомак, а ако сте настинати, секој пат со чај. Доколку имате проблеми со непцата или восплаение на усната шуплина, потребно е да го консумирате на секои три часа со цел да би помогне.

Една лажица мед (15 милилитри) го снабдува организмот со 64 калории, што е еквивалентен енергетски внес со 1272 kJ на 100 g.
Човековото консумирање на мед има долга историја, која се протега илјадници години назад во минатото; за што сведочат пештерските цртежи, стари 8000 години, откриени во близина на градот Валенсија, Шпанија, кои прикажуваат човечки фигури како собираат мед.

Помага при исфрлање на шлајмот. Медот може да се собира или од дивите колонии на пчели или од кошниците на домашните пчели, дејност која е позната како пчеларство.

Најстариот ферментиран пијалок во светот, кој датира од пред 9,000 години,наречен медовина (“медно вино”), е алкохолен продукт, кој се прави со додавање на квасец во смеса од мед и вода, по што следат недели или месеци на ферментација.

Во модерното производство на медовина, најчесто се користи квасецот Saccharomyces cerevisiae.
Примарната ферментација обично трае 28-56 дена, по што ширата се става во секундарен сад за ферментација, каде старее 6-9 месеци. Траењето на примарната и секундарната ферментација за продукција на доволно количество на медовина може значително да варираат во однос на повеќе фактори, како што се растителното потекло на медот, содржината на шеќер и микроорганизми, процентот на вода, рН вредноста, адитивите кои се користат и соевите на квасецот.

Во медицината

Најголемото количество на мед се користи во исхраната како високо калорична храна кај одредени пациенти во фаза на рековалесценција, како дополнување во исхраната при потхранетост, слабокрвност, грип или настинка и слично. Енергетската вредност ја обезбедува инвертниот шеќер, бидејќи потполно се ресорбира во дигестивниот систем и брзо стигнува до клетките, во кои се метаболизира (глукозата веднаш, а фруктозата постепено). Медот поседува благ лаксативен ефект. Има определено антимикробно делување и се користи за лекување на рани на кожата.[11] Во фармацевтската практика се користи како засладувач и коригенс. Наоѓа примена за изработка на лековити препарати, во кои се меша со разни растителни екстракти. Исто така, наоѓа примена и во козметичкото производство.

 

Една лажица мед (15 милилитри) го снабдува организмот со 64 калории, што е еквивалентен енергетски внес со 1272 kJ на 100 g.

Историја на употреба на медот

Собирач на мед прикажан на пештерски цртеж (Валенсија, Шпанија) стар 8000 години.
Собирањето на мед е древна активност. Луѓето најверојатно почнале да собираат мед пред најмалку 8,000 години, што е потврдено од праисториски, мезолитски цртежи, пронајдени во пештера во близина на Валенсија, Шпанија (види слика).
Најстарите познати остатоци од мед биле пронајдени во Грузија. Археолозите откриле остатоци од мед во внатрешната страна на глинени садови, ископани од античка гробница, стара околу 4,700 – 5,500 години.Во античка Грузија, луѓето биле погребувани со неколку видови на мед (мед од липа, ливадски мед и др.) потребни за нивното патување во задгробниот живот.
Првите пишани податоци за користењето на мед се јавуваат во сумерските и вавилонските текстови напишани со клинесто писмо. Во почетокот се користел како церемонијално средство за премачкување на праговите на домовите и олтарите на кои се принесувале жртви. Помешан со вино се користел за премачкување на клиновите кои се користеле за градба на свети места и храмови. Медот, исто така, се спомнува од страна на старогрчките писатели, во Библијата и во Коранот.
Во древен Египет, медот се користел за балсамирање на мртвите. Домаќинствата го користеле како засладувач, а поради својата вредност бил употребуван и како средство за плаќање. Во ритуалните церемонии посветени на боговите, жртвувањето на животните хранети со мед се сметало за скапоцен дар за боговите.
Духовната и терапевтската употреба на медот во древна Индија е запишана во ведите и во ајурведата, кои биле составени пред најмалку 4,000 години. 
Во античка Грција, медот најчесто се користел како дар за боговите и душите на починатите.[35] Старите Грци сметале дека медовината е свет пијалок на Олимпските богови.

Во средновековна Европа медот се користел во исхраната, како напиток и како лековито средство. Во тек на 11-тиот век во Германија, пивото било засладувано со мед, а германските феудалци данокот го наплатувале во мед и пчелин восок.
Првите европски колонизатори на Американскиот континент откриле дека домородните народи (посебно Маите) се бавеле со одгледување на пчели и биле искусни пчелари

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...