Американскиот претседателски пар вчера допатувал во Лондон на службена посета, а Меланија Трамп сосема очекувана заблескала во полн сјај!

Објавил: Македонка Димкин | 15 јули, 2018 11:47

Меланија блескаше: Со еден раскошен фустан достоен за една кралица!

Фото/Текст извор: ©убавина и здравје

Меланија првата дама на Америка се појави во навистина спектакуларна тоалета за гала вечерата со британската премиерка Тереза Меј која пак остана доследна на нејзината омилена црвена боја.

Американскиот претседателски пар вчера допатувал во Лондон на службена посета, а Меланија Трамп сосема очекувана заблескала во полн сјај!

Првите фотографии од британската престолнина ги обележале нејзините фотографии во маслинест фустан што ја следи линијата на телото и совршено и’ стои.

Но за гала вечерта и средбата со премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, и нејзиниот сопруг каде што отишла со Доналд Трамп, Меланија подготвила нешто навистина спектакуларно.

Кога излегла од автомобилот во раскошен фустан на францускиот дизајнер Жил Мендел, никој не можел да ги тргне очите од неа!

Елегантната балска тоалета во нежна нијанса на беж боја веднаш била оценета како фустан достоен за кралскиот двор од страна на модните критичари. Ова дефинитивно е нај елегантната креација на Меланија!

Кројот на прекрасниот плисиран фустан го истакнал тенкиот струк на првата дама, а неверојатните раскошни ракави кои речиси го допираат подот направиле Меланија да изгледа како најпрефинета ѕвезда на црвениот тепих.

За тоа сигурно бил свесен и нејзиниот сопруг Доналд, кој ја пуштал од рака само тогаш кога протоколот го налагал тоа.

Со фантастичниот фустан, првата дама на Америка носела и жолти салонки чиј шпиц се гледал повремено, а од накит носела само дискретни обетки и еден прстен.

Ви се допаѓа модниот избор на Меланија? Дали вие би носеле ваков фустан? Споделете го вашето мислење во коментари!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.