Инаку Трамп уште во неделата побарал да биде пуштен од болница каде е хоспитализиран по дијагностицирањето на Ковид-19, јавува Си-Ен-Ен повикувајќи се на извор близок на претседателот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 октомври, 2020 18:46

Меланија нема да го посети Трамп во болнца- не сака да ги изложи на ризик вработените!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, која исто така е заразена со коронавирусот, нема да го посети својот сопруг во болница поради ризик за вработените, објави МИА.

Првата дама на САД остана во Белата куќа, јави Ен-Би-Си Њуз.

– Таа има ковид. Нешто такво би ги изложило агентите што ја возат и медицинскиот персонал кој оди со неа на ризик и тие да се разболат, изјавил висок извор од американската администрација.

Американскиот претседател е во болница од петокот вечерта, додека Меланија остана во Белата куќа. 

Инаку Трамп уште во неделата побарал да биде пуштен од болница каде е хоспитализиран по дијагностицирањето на Ковид-19, јавува Си-Ен-Ен повикувајќи се на извор близок на претседателот.

Тој за телевизиската куќа навел дека Трамп е загрижен што изгледа како колеблив човек.

Здравствената состојба на Трамп продолжи да се подобрува, а Белата куќа е оптимист дека тој ќе ја напушти болницата во текот на денот, јави „Фокс њуз”.

Денеска и Кејли Мекенани прес- секретарката на Белата Куќа објави дека е позитивна на Ковид-19.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.