Имено станува збор за статуата од сребрен коњ, за која кралицата го прашала Трамп дали ја препознава на што тој одговорил со негативен одговор, при што Меланија поцрвенела.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 јуни, 2019 20:12

Меланија поцрвенела од срам: Трамп повторно се посрамотил пред Кралицата Елизабета

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се чини дека Меланија Трамп постојано мора да го вади својот сопруг од калта. Овој пат при посетата на Кралицата Елизабета, Трамп повторно се избламирал, а таа повторно морала да го извади од ситуацијата .

View image on Twitter
Сребрениот коњ кој Трамп и Меланија и го подарија на Кралицата Елизабета минатата година

Имено станува збор за статуата од сребрен коњ, за која кралицата го прашала Трамп дали ја препознава на што тој одговорил со негативен одговор, при што Меланија поцрвенела.

“Не”, рекол тој, на што Меланија веднаш додала:

“Мислам дека тоа и го подаривме на кралицата минатата година”.

Социјалните мрежи буквално горат од шеги упатени до Трамп по оваа незгодна ситуација а сигурно кралицата долго ќе го памети ова “не” на Трамп. По овој блам речиси сите го поставија прашањето што Меланија гледа во Трамп, освен очигледниот шарм.

Инаку освен овој блам, социјалните мрежи се полни со коментари од целосната посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Велика Британија. Имено тој Трамп беше на прием кај кралицата Елизабета и додека таа зборуваше сите видоа дека тој речиси и заспива. Во еден момент Трамп се свести што направи па ја подигна главата и продолжи да слуша.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.